Јелена Спенџарска слави 2 години љубов со Лукас: „Животот ми е сменет откако побара да му бидам девојка“

„Кога поминаа 2 години? Мене ми се како 20 години и 2 минути во исто време. Многу чуден концепт имам за овие две години. Ама, најубавите“, вели Јелена за љубовта со Гркот Лукас.

jelena-spendjarska-slavi-2-godini-ljubov-so-lukas-me-pobara-da-mu-bidam-devojka-ottogash-zhivotot-mi-e-bukvalno-smenet-01_2.jpg

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска откри дена на денешен ден пред точно две години - 08.08.2022 почнала љубовната врска меѓу неа и Лукас и тоа, откако тој ја прашал дали ќе сака да му биде девојка.

Јелена, која во моментов е на летување со другарка во Грција, објави неколку Инстаграм Сторис на кои раскажа дел од нивната љубовна приказна.

„8-ми август е посебен ден за мене. Буквално животот ми е променет скроз откако сум со Лукас, некако имам чувство дека си дојдов на своето и од тука сè понатаму е толку полесно и забавно“ - напиша таа. 

jelena-spendjarska-slavi-2-godini-ljubov-so-lukas-me-pobara-da-mu-bidam-devojka-ottogash-zhivotot-mi-e-bukvalno-smenet-02.jpg

Водителката откри дека годишнината со Лукас ќе ја прослават за неколку дена, бидејќи нејзиниот сакан е во Солун , но викендов ќе ја земе за да одат на зазедничко летување во Ханиоти.

„Денес се точно 2 години откако Лукас ме побара да му бидам девојка. Да, тој ме побара да му бидам девојка, како што мажите кога ги запросуваат жените, бараат да им бидат жени, мене Лукас на истиот начин ме побара да му бидам девојка.

Кога поминаа 2 години? Мене ми се како 20 години и 2 минути во исто време. Многу чуден концепт имам за овие две години. Ама, најубавите.

Лани за годишнината бевме на истото место каде што ме побара да му бидам девојка, ја најдовме истата маса.

Годинава нема да сме заедно, ама и покрај тоа, луѓето ми зборувале дека кога ќе го сретнеш вистинскиот - ќе знаеш, се прашував како ќе знам, викав дајте ми дефиниција, дајте ми нешто.

Ама кога ќе го сретнете, нема дефиниција, стварно е чувство“, вели таа во видеата што ги објави.

jelena-spendjarska-slavi-2-godini-ljubov-so-lukas-me-pobara-da-mu-bidam-devojka-ottogash-zhivotot-mi-e-bukvalno-smenet-05.jpg

Јелена сподели и фотографија со Лукас, со која му посака среќна годишнина.

„Животот со тебе е волшебен“, напиша таа.

jelena-spendjarska-slavi-2-godini-ljubov-so-lukas-me-pobara-da-mu-bidam-devojka-ottogash-zhivotot-mi-e-bukvalno-smenet-03.jpg

Прочитајте и Јелена Спенџарска сама на одмор: „Излезете од сопствените граници, не знаете каде ќе ве одведе животот“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg