Јелена Спенџарска сама на одмор: „Излезете од сопствените граници, не знаете каде ќе ве одведе животот“

„Еден ден кулирав на плажа во Сплит, другиот ден се журкав „како да нема утре“ на Хвар со луѓе што ги запознав дента. Исто и на грчкиот остров, заминав 'божем' да кулирам, а наредниот ден бев на брод во Бодрум со средовечен пар од Турција кој го запознав на плажа“, раскажа Јелена за своето искуство кога била на соло-летување.

jelena-spendjarska-sama-na-odmor-izlezete-od-sopstvenite-granici-ne-znaete-kade-kje-ve-odvede-zhivotot-01.jpg

Водителката Јелена Спенџарска летува во Грција.

Одморот го почна во друштво на семејството, сестра си и внуките од Берово, со кои беше во Каликратија и откако тие заминаа, Јелена остана два дена сама во ова популарно летувалиште близу Солун.

Во деновите додека беше сама, Јелена постојано комуницираше со своите следбеници на Инстаграм, преку Стори, па одговори и на прашањето како е да се оди на одмор сама.

„Здраво Јелена. Скроз сама ли ќе бидеш таму? Сакам да фатам сама да отидам, ама некако ме фаќа страв.

Уште од лани се канам и никако да соберам храброст. Уживај во животот, супер си,“ ѝ напишаа во пораки.

По ова, водителката го сподели своето искуство, особено што веќе неколкупати била сама на одмор, па вели, ова е искуство што го препорачува секому.

„Јас веќе се селам во ресорт на вториот крак, каде што бевме со Лукас на одмор во јуни и таму ќе бидам 5 дена со другарка, а после тоа, уште неколку дена ќе одиме заедно со Лукас во Ханиоти, во истата вила кај што бевме во мај.

Но, како што спомнав, една од вашите омилени теми се соло патувањата и најчестото прашање како - како да се одлучам да ги спакувам куферите и да заминам некаде сама? Што ќе правам, како ќе се снајдам?

Јас многу го практикувам ова. Пред 5-6 години заминав сама на грчки остров и останав 20 дена, пред 2 години отидов во Хрватска и останав скоро месец, а сега 2 дена сама во Каликратија ми се „гола вода’.

Ако не знаете од каде да почнете, прво видете каде имате роднини или блиски пријатели кои живеат некаде каде што сакате да одите.

На пример во Хрватска имам братучед на кого очи не му видов, зашто човекот работеше 24/7.

Само ми даде клучеви од станот и рече „Ако ти треба нешто, јави ми се“.

jelena-spendjarska-sama-na-odmor-izlezete-od-sopstvenite-granici-ne-znaete-kade-kje-ve-odvede-zhivotot-03.jpg

Ви треба интернет и убава енергија, што значи дека веќе сте таму и ќе си поминете топ со самите себе.

Обично, на туристичките места луѓето се толку друштвени и со отворен ум, што ќе се изненадите во каков правец ќе ве однесе животот, само ако го извадите она ограничувачкото од вас „Што ќе кажат луѓето, што ќе кажат моите, леле ако ми се случи нешто, ако ми стават дрога во пијачката, ха, ха.

Еден ден кулирав на плажа во Сплит, другиот ден се журкав „како да нема утре“ во „Хула, Хула“ на Хвар со луѓе што ги запознав дента.

Исто и на грчкиот остров, заминав божем да кулирам, наредниот ден бев на брод во Бодрум со средовечен пар од Турција кој го запознав на плажа во Грција - дошле да поминат малку време сами зашто имаа брачни проблеми.

Ден денес комуницираме и ме викаат да им одам на гости.

Многу луѓе од вашата домашна средина ќе ве осудат, ќе ви најдат влакно да ве искоментираат и да направат да се чувствувате лошо, да ви внесат страв, а вистината е дека „умираат“ да се на ваше место.

Тоа ви е една од најголемите кочници, да знаете.

Не му ја мислете толку. Дозволете си да уживате и да излезете од сопствените граници.

Ќе се изненадите колку сте моќни... и среќни! Излезете од Македонија, од Балканот ако сакате, од Европа, не знам јас, вие си знаете каде ве води срцето.

Видете го светот со своите очи, не со очите на другите.

Нека не ве интересира кој што ќе каже, светот и онака е полн со хејтери, вие сакајте, ама почнете од себе.

jelena-spendjarska-sama-na-odmor-izlezete-od-sopstvenite-granici-ne-znaete-kade-kje-ve-odvede-zhivotot-04.jpg

Исто, многу е важно да бидете комфорни со себе, да знаете како да го поминете времето со себе, како да се разгалите, да си дозволите уживање.

На многу луѓе ова им е претешко (короната ни беше тест) и затоа секогаш бараат некој друг да биде тука со нив, да ги води, да им каже како и каде треба.

Треба да научите како со себе, дури и по цена да не запознаете никој. Земете си книги, списанија, не знам, вие одберете си по ваше.

Уживајте во самотијата, во она што е пред вас, бидете присутни во моментот, сега и тука, ова е вашиот живот и бидете горди на секој чекор кој ве довел до овде.

jelena-spendjarska-sama-na-odmor-izlezete-od-sopstvenite-granici-ne-znaete-kade-kje-ve-odvede-zhivotot-02.jpg

Уште еднаш ќе кажам - ќе се изненадите колку можете, колку сте способни, колку сте всушност, среќни баш таму кај што сте.

И дека не е така црно како што ви изгледа. Кочниците си ги поставувате само вие и никој друг.

Ви посакувам многу луди авантури, многу незаборавни спомени. Само препуштете му се на моментот, дозволете му да ве води. Го можете тоа“, заврши Спенџарска.

jelena-spendjarska-sama-na-odmor-izlezete-od-sopstvenite-granici-ne-znaete-kade-kje-ve-odvede-zhivotot-03_1.jpg

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg