- Детали
-
четврток, 15 декември 2022
-->
Малиот Дарин вторпат ја донираше својата коса, во Скопје ЗОО се родија лавчиња по повеќе од 20 години, а јутјуберот Стефан Лазаров му помогна на 18-годишно момче без родители да најде дом и работа, но и да продолжи со образованието – по кои други убави и позитивни моменти Македонците ќе ја помнат оваа година?
Помеѓу пандемијата која иако забави, сепак уште трае, зголемените трошоци за живот, како и конфликтите во многу земји кои се чини дека се преблиску до нас, може да биде тешко да се фокусираме на убавите нешта.
-->
Но, тоа не значи дека во 2022 година не сведочевме на мигови и настани кои ни покажаа дека и во Македонија има добри и хумани луѓе.
И кај нас се случуваат убави работи кои, без разлика колку мали и за некого можеби безначајни, сепак ни разубавиле барем еден ден.
Во продолжение неколку настани од Македонија кои нè развеселија и ни ја разубавија 2022 година:
По силното невреме што го зафати Скопје на 30-ти август и предизвика сериозна материјална штета, скопјанецот Марјан Калевски успеа да спаси неколку дрвца пред неговата зграда – дел ги исправил и прицврстил, а едно поголемо залепил со селотејп.
Малиот Дарин (6) вторпат си ја скрати косата за да ја донира на дечиња болни од рак. Првиот пат, тој имаше само четири години.
-->
-->
Јутјуберот Стефан Лазаров му помогна на 18-годишниот Неџат да си го среди животот. Младиот Неџат е поранешен штитеник на Домот за деца без родители, а со помошта на Стефан, сега има работа и дом, но и можност да го заврши образованието.
-->
Во скопската Зоолошка градина се родија три лавчиња, и тоа првпат по повеќе од 20 години. Всушност, во 2022-ра, во зоолошката имаше многу принови, вклучувајќи и лемур и лама.
-->
Скопјанецот Ангел Јаневски самоиницијативно одлучил да ги среди клупите на автобуските постојки во Скопје кои во лето стануваат прежешки за седење. Па така, Ангел тапацирал неколку клупи низ градот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира: