Браво! Скопјанец тапацира клупи на автобуски постојки: „Во лето не можеш да седнеш од жешко, а во зима се лепиш на нив“

„Со оваа идеја се здобив пред некој ден кога сакав да седнам на таа клупа и веднаш рипнав како попарен, добро би служела летно време за јајце на око“ – вели скопјанецот кој самоиницијативно одлучил да направи клупите да бидат функционални на неколку градски постојки.

bravo-za-vakvi-lugje-skopjanec-sam-postavi-nadklupi-na-avtobuski-postojki-vo-glavniot-grad-za-da-ne-stoite-dodeka-chekate-01.jpg

Секој што некогаш се обидел да седне на металните клупи на автобуските постојки што се постојано изложени на сонце на температури над 35 степени Целзиусови, знае дека следниот пат подобро е да стои додека чека.

Токму затоа еден креативен скопјанец решил самоиницијативно да постави надклупи и да им овозможи на своите сограѓани да може да седнат во текот на летните горештини без страв дека ќе се изгорат.

На Фејсбук групата Stari skopjani, скопјанецот Ангел Јаневски објави дека по лошото искуство на една од клупите на постојките низ градот, одлучил сам да направи добро дело за неговиот град.

„За мојот град, вчера направив две надклупи и не ме трпеше место, денес една поставив на автобуската постојка карши споменикот на Јане Сандански (42 и 13).

Со оваа идеја се здобив пред некој ден кога сакав да седнам на таа клупа и веднаш рипнав како попарен, добро би служела летно време за јајце на око, а во зима исто така е неупотреблива затоа што ќе се залепиш на челикот.

Се гледа дека е премачкана на корозивна површина и затоа е во ваква состојба по некоја година. А и не ме чинеше многу потребвниот материјал. Парче иверка од 16mm, мебел штоф мазен, сунѓер 20mm, муниција за тапетирање и неколку завртки за дрво за зацврстување“ – стои во објавата на Ангел кој вели дека не знае колку време ќе е во употреба оваа надклупа и вели дека очекува да добие пријава за ова.

Погледнете ги фотографиите што тој ги објави на Фејсбук:

bravo-za-vakvi-lugje-skopjanec-sam-postavi-nadklupi-na-avtobuski-postojki-vo-glavniot-grad-za-da-ne-stoite-dodeka-chekate-03.jpg

bravo-za-vakvi-lugje-skopjanec-sam-postavi-nadklupi-na-avtobuski-postojki-vo-glavniot-grad-za-da-ne-stoite-dodeka-chekate-02.jpg

bravo-za-vakvi-lugje-skopjanec-sam-postavi-nadklupi-na-avtobuski-postojki-vo-glavniot-grad-za-da-ne-stoite-dodeka-chekate-05.jpg

bravo-za-vakvi-lugje-skopjanec-sam-postavi-nadklupi-na-avtobuski-postojki-vo-glavniot-grad-za-da-ne-stoite-dodeka-chekate-04.jpg

bravo-za-vakvi-lugje-skopjanec-sam-postavi-nadklupi-na-avtobuski-postojki-vo-glavniot-grad-za-da-ne-stoite-dodeka-chekate-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg