Мал херој: Дарин (6) од Скопје ја скрати косата за да ја донира на дечиња болни од рак (и не му е првпат)
- Детали
- вторник, 13 септември 2022
„Дарин првпат ја донираше косата на 4 години, и сега вторпат, како прваче на 6 години“ – сподели на својот Инстаграм профил Александар Донев, таткото на Дарин и откри дека Дарин го прави ова за да помогне на дечиња болни од рак.
Браво за родителите што уште од мали нозе ги учат своите деца да прават добри дела, а родителите на 6-годишниот Дарин од Скопје се вистински пример за тоа. Дарин, кој годинава е прваче, веќе вторпат ја донира својата коса за дечиња болни од рак.
Дарин по вторпат се препушти на магичните раце на фризерот Адо Мурис Хамзиќ и ја скрати косата која ќе биде донирана за перики на дечиња болни од рак.
Убавата вест на Инстаграм ја сподели таткото на малиот Дарин, Александар Донев кој напиша:
„Дарин втор пат ја донира косата за да им помогне на дечињата кои се борат со ракот. Првиот пат кога имаше 4 години и сега како прваче на 6 години. Горди сме на нашиов шизик.“
Хуманиот гест на Дарин привлече голем број позитивни коментари.
„Најголемо браво“, „Срце“ – стои во дел од коментарите до фотографиите.
Погледнете повеќе фотографии од Дарин во продолжение:
Прочитајте и Малиот Дарин од Скопје ја скрати косата за првпат и ќе ја донира за дечиња болни од рак (фото)
Б. С. Б. | Црнобело