Дечко од Скопје се обидува да спаси скршени дрвца пред зграда, по поплавите и невремето
- Детали
- среда, 31 август 2022
„Од невремето вчера се скршија или паднаа повеќе млади дрвца кај мене пред зграда. Помалите што беа паднати ги исправив и прицврстив...“, гласи дел од објавата на Марјан Калевски.
Силното невреме што го зафати Скопје вчера (30.08) ги поплави улиците низ градот и предизвика материјална штета.
Но, покрај сите негативни вести околу немилиот настан, има и позитивни приказни на луѓе кои се обидуваат да ја поправат штетата.
Една од нив е онаа на Марјан Калевски, кој на Фејсбук објави како се обидува да ги спаси младите дрвца кај него пред зграда.
Неговата објава гласи:
„Од невремето вчера се скршија или паднаа повеќе млади дрвца кај мене пред зграда. Помалите што беа паднати ги исправив и прицврстив, а поголемово иако беше многу скршено, успеавме да го залепиме со селотејп со комшијата Милан и го потпревме со гранки.
Веќе ми успеало вака да спасам скршено дрвце и секој може да го направи истото ако постои можност дрвцето да се залепи. Да си ги чуваме дрвјата за да може да нè чуваат нас.“
С. С. | Црнобело