Каролина Гочева (42) со извајано тело во бикини издание на одмор во Хрватска
- Детали
- среда, 31 август 2022
По одморот со сопругот во јули во Италија, Каролина Гочева август го искористи за посета на Хрватска со сестра ѝ и внуките. Во совршени модни изданија прошета низ улиците на Сплит.
По промоцијата на поп нумерата „Од небо до дно“, Каролина Гочева повторно одвои време за одмор и релаксација.
Овојпат како дестинација таа ја избра Хрватска, а оттаму објави фотографии од дружби со сестра ѝ и внуките, прошетки, совршени избори на фустани, но и бикини издание во кое се гледа дека Каролина има фит и извајано тело.
„Уште една Хрватска со мои Јерчиќи… едвај чекам следна година пак!“, напиша таа во описот на фотографиите.
Каролина во јули со сопругот Михаил Корубин уживаше на одмор во Италија.
Прочитајте и Каролина Гочева објави фотки од летниот одмор во јули со сопругот – парот уживаше во Италија
Повеќе фотографии од Каролина во Хрватска:
С. С. | Црнобело