Каролина Гочева објави фотки од летниот одмор во јули со сопругот – парот уживаше во Италија
- Детали
- понеделник, 15 август 2022
Каролина Гочева објави фотографии од одморот во Италија, каде во текот на јули беше заедно со сопругот Михаил Корубин. Облечена во макси фустан со истакнато деколте, таа блеска на фотките од летниот одмор.
Каролина објави фотографии од одморот во Пуља, каде во текот на јули беа заедно со нејзиниот сопруг Михаил Корубин.
Пејачката сподели и две видеа на кои се гледа дека имале можност да ги посетат и историските градби, но исто така и да уживаат на плажа во италијанското гратче Галиполи.
Инаку, на почетокот на месецов Каролина Гочева преку социјалните мрежи го откажа концертот во Охрид, што требаше да се одржи на 4-ти август и ги информираше своите обожаватели дека е позитивна на ковид.
„Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но... од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал. Мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен“ – напиша таа.
https://www.instagram.com/p/Cf9b0ruKIkE/?utm_source=ig_web_copy_link
Видеата можете да ги погледнете со клик на стрелките во објавата:
Погледнете ги останатите фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело