Дарко Влогс и саканата Даниела прославија 1 година брак: „Не беше лесно ни тешко, се научивме да не тераме инает“
- Детали
- понеделник, 22 август 2022
„Караници имаме и јас и бебо, нормално е. Но, стапувањето во брак ни беше најпозитивната одлука во животот, повеќе се сакаме, повеќе се слушаме и повеќе уживаме во времето поминато заедно“ – напиша Дарко Влогс на фотките со кои ја одбележа годишницата од бракот со саканата Даниела.
Минатата година, еден од најпопуларните камионџии и инфлуенсери, Дарко Јефремов, познат како Дарко Влогс, и неговата сакана Даниела, го кажаа судбоносното ДА на Хаваи.
Прочитајте и Свадбата на Хаваи на Дарко Влогс и Даниела низ фотки + ги откриваат сите детали ексклузивно за CRNOBELO.com
Дарко и Даниела се знаат од 2010 година, кога тој студирал во нејзиниот роден град Битола, а по неколку години кои тој ги помина сам на работа во САД, тие се споија романтично и сега живеат заедно таму.
Сега прославуваат една година од бракот, а по тој повод Дарко објави фотки од нив и напиша:
И ете така, година дена брак, издржавме. Не беше лесно ама ни тешко, се научивме дека што повеќе инает тераме полошо си правиме, расправии, караници имаме и ја и бебо, нормално е, различни карактери сме, но со заемно разбирање и комуникација, од лошите навики (дур живеев сам) ќе се одвикнеш и ќе го планираш денот заедно со неа, затоа што со нејзе сум 24 саати 365 дена...
Но сепак стапувањето во брак ни беше најпозитивната одлука во животот и за двајцата, повеќе се сакаме, повеќе се слушаме и повеќе уживаме во времето поминато заедно.
А градчево Surf City, можам да го оценам 10/10 за сé, на саат време ни е од дома и дефинитивно ќе дојдеме пак тука, преголеми плажи, а нема многу гужва од туристи.
Нè потсеќа на Халкидики, цел град на вода, со барој, ресторанчиња, премногу пензионери, нема дискотеки и гласна музика, па звуците на брановите од океанот се прегласни и преубави.
Инаку, неодамна Дарко се отвори за својата борба со анксиозноста.
Прочитајте повеќе: Дарко Влогс со солзи во очите за анксиозноста: „Првата сопруга ми беше патолошки лажго - имав тежок период, се гушев“
М. М. | Црнобело