Свадбата на Хаваи на Дарко Влогс и Даниела низ фотки + ги откриваат сите детали ексклузивно за CRNOBELO.com

Од најдобри другари до брачни сопатници, Дарко Влогс и Даниела ги откриваат сите детали за нивната љубовна приказна. „Бевме другари, а пресврт на настаните се случи во 2019 кога сфативме (добро, Дарко прв сфати) дека настанаа некои поголеми чувства и емоции од само другарство...“, започнува Даниела.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-01.jpg

Шармантниот и харизматичен камионџија и инфлуенсер Дарко Влогс неодамна направи бајковита свадба на Хаваи со својата избраничка Даниела.

Ексклузивно за CRNOBELO.com тие ги откриваат сите детали за свадбата, но и како започнала нивната врска.

Дарко (32) и Даниела (30) се запознале 2010 година во Битола (родниот град на Даниела) додека Дарко студирал таму.

Биле неразделни другари од првиот момент. Потоа Дарко заминал на брод, а подоцна се преселил и во Америка. Контактите  сепак не престанале и продолжиле на социјалните мрежи.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-34.jpg

Даниела ни открива како се развивала нивната врска:

„Пресврт на настаните се случи во 2019 кога сфативме (добро, Дарко прв сфати) дека настанаа некои поголеми чувства и емоции од само другарство.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-02.jpg

Инаку, ексклузивно за вашите читатели (затоа што поголемиот дел не знаат), Дарко ме запроси во 2020 за Нова година, но не откривавме ништо затоа што сепак сакаме да си ги задржиме тие некои интимни моменти за нас.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-03.jpg

Па, оттогаш започна организацијата за понатамошен живот - средување документи за виза за мене, план за венчавка итн. Визата за која ние поднесувавме се нарекува вереничка виза која значи дека имате 90 дена да се регистрирате во некоја од државите во САД.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-04.jpg

Идејата за свадба баш на Хаваи дојде од самиот почеток кога размислувавме каде да се венчаме и како се тоа да изгледа. Но, двајцата сакавме да си ја исполниме нашата животна желба, свадба на плажа - на Хаваи.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-05.jpg

Кога стигнавме таму бевме многу изгубени, требаше да добиеме лиценца за свадба, па да се договориме со агенција за да ни среди ден за венчавка, матичар, фотограф и видеограф. Со оглед на тоа дека бевме таму 10 дена, се организиравме во доста брзо време, па го одбравме 20.08 како ден за тој момент.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-06.jpg

Денот на венчавката беше со еден збор МАГИЧЕН. 

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-30.jpg

Нешто што не може да се објасни со зборови само да се доживее.

svadbata-na-havai-na-darko-vlogs-i-daniela-niz-fotki-gi-otkrivaat-site-detali-ekskluzivno-za-crnobelo-com-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg