Пејачката и докторка Симона Поповска се породи по вторпат: „Среќна сум што се мала разлика со првиот син“
- Детали
- четврток, 18 август 2022
„Бременоста помина во одличен ред како и самото породување. Многу сум среќна што се мала разлика со првиот син и ќе бидат најдобри другари“ – изјави Симона за CRNOBELO.com и ни сподели фотки од втората бременост со синот Стефан, кој се роди на 17 август.
Македонската пејачка Симона Поповска, која сега е целосно фокусирана на кариерата како доктор, го доби второто дете, повторно син.
Слично како и првата, Симона ја држеше понастрана од јавноста и втората бременост, а ги сподели со нас фотките кои ги направила додека била бремена со вториот син.
„Бременоста помина во одличен ред како и самото породување. Многу сум среќна што се мала разлика со првиот син и ќе бидат најдобри другари. Синчето ќе се вика Стефан“ – изјави таа за CRNOBELO.com по породувањето.
Во мај годинава, таа направи бајковита прослава за 1-иот роденден на синот Никола, откако претходно го прослави својот 30-ти роденден во раскошен амбиент.
Фотки од бременоста со синот Стефан:
М. М. | Црнобело