Симона Поповска како принцеза на раскошната прослава за првиот роденден на синчето (фото)
- Детали
- вторник, 03 мај 2022
Во креација од познат македонски креатор, со торта на 3 ката, многу балони и мечиња и специјално дизајнирани држачи за салфетки, Симона Поповска (30) го прослави 1-иот роденден на синот Никола.
Пејачката и докторка Симона Поповска на крајот од месец март го прослави својот 30-ти роденден, а деновиве имаше уште поголем повод за славење – првиот роденден на синот Никола.
За оваа пригода Симона носеше раскошна креација од македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
Роденденската прослава беше со многу балони, мечиња, тематски изработени држачи за салфетки и што уште не.
„Не постои ниту еден ден во овие 365 дена во кои ти не нè насмеа. Господ е толку добар со нас што ни даде прекрасно момче како тебе.“
Фотографии од прославата:
С. С. | Црнобело