Симона Поповска го прослави 30-тиот роденден со сопругот и синчето во раскошен амбиент (фото)
- Детали
- среда, 30 март 2022
Со совршено избран стајлинг, многу балони и огромна торта, пејачката и докторка Симона Поповска славеше со својот сакан и синчето.
Пејачката и докторка Симона Поповска го прослави 30-тиот роденден со својот сопруг и синчето.
За својот голем ден таа си направи раскошен амбиент со многу бело-златни балони, торта со бисерчиња и натпис „Симона кралица“ и стајлинг обоен во бело како за себе, така и за своите сакани.
„Толку сум благодарна за патувањето со кое животот ме благослови. Исто така, сакам да ви заблагодарам на сите вас кој го правите уште поубаво. 30 години никогаш не изгледале подобро“, напиша таа во описот на роденденските фотографии на својот Инстаграм профил.
Прочитајте и Пејачката и докторка Симона Поповска по раѓањето на синчето објави фотки од бременоста
С. С. | Црнобело