Пејачката и докторка Симона Поповска по раѓањето на синчето објави фотки од бременоста
- Детали
- понеделник, 10 мај 2021
Во свилена ноќница Симона Поповска го покажа трудничкото стомаче, а со саканиот Кристијан покажаа дека веќе ја опремиле детската соба за нивното малечко, уште пред породувањето.
Македонската пејачка Симона Поповска (29), која по дипломирањето на медицина, се ориентираше на својата кариера како доктор, неодамна го доби своето прво дете.
Таа стапи во брак со својот сакан Кристијан во 2017 година, а сега двајцата уживаат во улогата на родители.
Симона ја криеше бременоста од јавноста, но сега на својот Инстаграм профил објави фотки од трудничките денови каде позира во домашно издание, а покажа дека веќе ја подготвила и детската соба за своето синче уште пред неговото раѓање.
Во описот на фотките со трудничко стомаче таа напиша: „Никогаш не го разбирате животот сѐ додека тој не почне да расте во вас.“
Фотосесијата на Симона и Кристијан:
С. С. | Црнобело