Даниел Кајмакоски среќен покрај сопругата и синот: Црвени капи и празнични аутфити во домот во Белград
- Детали
- недела, 31 декември 2023
„Се надевам дека уживавте во последните денови од оваа година до максимум. Сите ваши проблеми нека исчезнат за Новата година да ја дочекате во љубов и хармонија“, напиша Даниел Кајмакоски и објави празнични фотки со сопругата и синот.
Пејачот Даниел Кајмакоски, кој веќе неколку години живее во Белград, објави празнични семејни фотки со сопругата Марина и синот Стефан, но и нивното милениче.
Ова е нивна прва Нова година како семејство, откако Даниел и Марина се венчаа во 2023-та, а потоа станаа и родители.
Насмеани, покрај новогодишната елка, со слична празнична облека, целото семејство ужива во претпразничната атмосфера.
„Се надевам дека уживавте во последните денови од оваа година до максимум.
Оваа година нека заврши тивко, па со гласен тресок, а сите ваши проблеми нека исчезнат во воздух за Новата година да ја дочекате во љубов и хармонија“, напиша Даниел на фотките што ги објави на Инстаграм.
Македонскиот музичар ретко споделува детали од својот живот на Инстаграм.
Тој долго време ја криеше врската со Марина, а на почетокот на 2023 ја изненади јавноста кога објави фотографии дека се венчале.
Парот на 30.04 го дони синот Стефан.
Од првиот брак со Кристина Димитри, Кајмакоски го има синот Давид.
А. Ј. | Црнобело