Сузана Турунџиева: „Ако мислите дека сте несреќни, прошетајте низ ходниците во Клиниката за онкологија“
- Детали
- петок, 03 јуни 2022
Сузана сподели дело од ќерката на водителката Јулија, која за жал ја изгуби борбата со ракот. „Прекрасната Андријана Мациев стана бесмртна и продолжи да живее на овој ѕид, во еден од ходниците во Клиниката за онкологија...“, пишува Сузана и упатува моќна порака до сите.
Сузана Турунџиева ѝ оддаде почит на починатата уметница Андријана Мациев, но и со нејзиното дело во еден од ходниците во Клиниката за онкологија упати моќна порака до сите.
Објавата на Сузана Турунџиева на Фејсбук:
„Ако често пати сте незадоволни од вашиот живот, мислите дека тој е неправеден, нефер, и дека баш вие сте невиден баксуз, малер, а сите други се посреќни од вас, ви предлагам барем 2 пати во годината да отидете и да прошетате низ ходниците во Клиниката за онкологија, па откако ќе излезете од таму да знаете зошто треба секојдневно да се заблагодарувате за сè што имате наместо да кукате за она што го немате.
П. С. Прекрасната Андријана Мациев, која немаше среќа да ја победи битката со опаката болест стана бесмртна и продолжи да живее на овој ѕид, во еден од ходниците во Клиниката за онкологија за кои ви зборував.“
Прочитајте и „Ја играше улогата за својата мајка“ - Внуката на Јулија маестрална во театарска претстава, по смртта на нејзината мајка
С. С. | Црнобело