Сузана Турунџиева згодна и на 55 години – го прослави роденденот со ќерките и внукот (фото)
- Детали
- вторник, 12 март 2024
„Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе кои го прават убав мојот живот и не ми дозволуваат да ги бројам годините, туку на моите години им (до)даваат живот, смисла, убавина“, напиша водителката и објави фотографии од роденденската прослава.
Пејачката, водителка и писателка Сузана Турунџиева на 9 март наполни 55 години. Таа роденденот го прослави со двете ќерки, Лора и Матеа и неколку пријателки.
„Љубовта е единственото нешто кое се множи кога се дели. Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе кои го прават убав мојот живот и не ми дозволуваат да ги бројам годините, туку на моите години им (до)даваат живот, смисла, убавина“, напиша Турунџиева на Фејсбук.
Таа објави и фотографија од дома, со роденденската торта.
На домашната прослава со Сузана и нејзините две ќерки, е и внукот Јаков, кој е дете на Лора и нејзиниот сопруг Филип.
Сузана роденденот го прослави и со нејзините блиски пријателки, па во галеријата фотографии покажа како си поминале на прославата.
Од нив доби неколку подароци инспирирани од Фрида Кало, но и торта со ликот од славната сликарка.
„Многу музика и песни со твоите драги Фриди“, ѝ посакаа тие.
Љубовта е единственото нешто кое се множи кога се дели... Неизмерно сум благодарна за сите прекрасни луѓе, кои го прават...
Posted by Suzana Turundzieva on Sunday, March 10, 2024
А. Ј. | Црнобело