Александра Шијакоска се огласи 8 дена по операцијата на тумор на мозокот: „Животот ми даде уште една шанса“

Со фотографии од болница храбрата Александра Шијакоска (29) од Битола вели: „Тука сум 8 дена, првите неколку дена не личев на себе. Лицето ми беше искривено, говорот сменет, беспомошна бев. Дефинитивно најтешката животна лекција која не му ја посакувам на никој, да си свесен дека утре може нема да го дочекаш денот. Но, сакам да ве известам дека операцијата помина во најдобар ред.“

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-8-dena-po-operacijata-na-tumor-na-mozokot-zhivotot-mi-dade-ushte-edna-shansa-01.jpg

Александра Шијакоска, една од нашите најпознати модни инфлуенсерки, пред 8 дена имаше операција на тумор на мозокот, а сега се огласи за првпат.

Таа отворено говореше пред операцијата, а и сега со своите фанови искрено споделува како поминал процесот и како ѝ изгледа закрепнувањето.

Среќни сме за успешната операција и ѝ посакуваме побрзо закрепнување.

Нејзината објава на 8-миот ден по операцијата:

„Здраво на сите пријатели. Само да ве известам дека операцијата помина во најдобар ред. Закрепнувам полека, чекаме уште некои резултати и испитувања. Не се грижете, најлошото е позади мене. Благодарност до сите кои помогнаа и се понудија да помогнат, никогаш нема да заборавам, ни јас, ни Господ.

Тука сум 8 дена, првите неколку дена не личев на себе. Лицето ми беше искривено, говорот сменет, беспомошна бев. Чекавме малку да закрепнам за да ве известам.

Дефинитивно најтешката животна лекција која не му ја посакувам на никој, да си свесен дека утре може нема да го дочекаш денот.

Јас сум убедена дека сè се случува со причина. Мене животот ми даде уште една шанса да живеам и да се разбудам со сè функционално после операција.

Ќе ја оправдам таа шанса. Не го земајте животот здраво за готово, во еден момент може да ви се смени цел тек на настаните.“

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-8-dena-po-operacijata-na-tumor-na-mozokot-zhivotot-mi-dade-ushte-edna-shansa-03.jpg

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-8-dena-po-operacijata-na-tumor-na-mozokot-zhivotot-mi-dade-ushte-edna-shansa-02.jpg

Прочитајте и Александра Шијакоска, емотивна за роденденот: „Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор, ќе му се изнасмеев“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си ... Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче,...
Александра Шијакоска шик за 31-от роденден: Бисери, корсет и животински принт за забавата во Битола Алејсандра Шијакоска вчеравечер направи роденденска забава, а се дотера во текса...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
„Бог знае колку им требаше на нашите срца“ – Александра Шијакоска сподели нови фотки од трудничката ... „На сите им покажавме и докажавме дека нашата љубов е посилна од која било предр...
Македонски инфлуенсерки кои блескаат со труднички сјај Шијакоска и Ѓоргиева се другарки бремени во исто време, Софија Јанева сподели де...
Александра Шијакоска објави труднички фотки од плажа: „Кога сопругот те слика“ „Само ми се јаде и ми се спие“ – се пошегува Александра Шијакоска Весели до фотк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg