Maкедонка, по само 7 месеци врска, го доби запросувањето од соништата во Прага (фото)
- Детали
- понеделник, 22 ноември 2021
„Јас студирав и магистрирав во Прага и овој град отсекогаш имал посебно значење за мене. Жарко го знаеше тоа и кога отидовме на есенска прошетка ме запроси токму таму...“, раскажува Мери Кокотова за CRNOBELO.com.
Мери Кокотова вели дека со Жарко Крстевски „кликнале“ од прва и веднаш знаела дека тој е вистинскиот. Сепак, не очекувала дека ќе ја запроси по само 7 месеци врска и тоа во нејзиниот најомилен град на светот.
Таа споделува детали од запросувањето во Прага:
„Јас студирав и магистрирав во Прага и овој град отсекогаш имал посебно значење за мене. Жарко го знаеше тоа и кога отидовме на есенска прошетка ме запроси токму таму, во мојот најсакан град на светот.
Имаше организирано вечера со најблиските во мојот омилен француски ресторан. Заедно сме 7 месеци и некако кликнавме уште првиот ден кога се запознавме. Знаев дека сакам да го поминам животот со него, но не очекував дека сè ќе се случи толку брзо.
Мило ми е што Жарко знаејќи какво значење за мене има Прага, одлучил да ме запроси токму таму.
И двајцата сме многу возбудени и веќе планираме летна свадба.“
Фотки од запросувањето: