Скопје се збогува од Балашевиќ - и на дожд граѓаните оддаваат почит пред Универзална сала (видео)

Целиот Балкан тагува за смртта на музичката легенда Ѓорѓе Балашевиќ, а вечерва скопјани се собраа пред Универзална за да се збогуваат со него.

skopje-se-zboguva-so-gjorgje-balashevikj-gragjanite-oddavaat-pochit-na-muzichkata-legenda-pred-univerzalna-01.jpgфото: Виктор Петрушевски

Синоќа, три дена откако беше хоспитализиран, почина една од најголемите ѕвезди на просторот на поранешна Југославија – Ѓорѓе Балашевиќ. Познатиот пејач и текстописец имаше воспаление на белите дробови и беше позитивен на корона вирусот, а синоќа српските медиуми соопштија дека ја изгуби битката во болница во Нови Сад.

Социјалните мрежи се преплавени со објави во негова чест, а минатата вечер се палеа свеќи и одекнуваа стиховите од неговите најголеми хитови на градскиот плоштад во Нови Сад, неговото родно место.

Вечерва, пак, скопјани се собраа пред Универзална сала за да се збогуваат со најсаканиот и најслушаниот музичар на Балканот:

View this post on Instagram

A post shared by Avalon International Booking (@avalonbooking)

View this post on Instagram

A post shared by Anica Mitic (@anica_mitic9)

Вечерва Скопје тагува за Балашевиќ пред универзална сала😢

Posted by Gjorgji Spasov on Saturday, February 20, 2021

Врне а народ се повеќе пред униврзална да се збогува од Ѓоле. Се пеат неговите песни и се аплаудира во нивниот ритам😢

Posted by Gjorgji Spasov on Saturday, February 20, 2021

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg