На 67-годишна возраст почина легендарниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ
- Детали
- петок, 19 февруари 2021
Српскиот портал Blic пренесува дека денес починал познатиот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ, на 67-годишна возраст, од воспаление на белите дробови.
фото: Facebook
Пред три дена, пејачот бил хоспитализиран поради воспаление на белите дробови. Десетина дена се лекувал дома, но кога му се влошила состојбата бил префрлен во клиника. Blic пренесува дека Балашевиќ бил и позитивен на корона вирусот.
После Blic, веста беше потврдена и за РТС.
Балашевиќ е еден од најпознатите српски и југословенски пејачи и текстописци. Има издадено 14 албуми, а има глумено и во неколку телевизиски серии, за кои ја напиша и музиката.
Во 1977-ма тој стана дел од групата „Жетва“, но веќе следната година ја напушти и формира нова група - Рани мраз - заедно со Верица Тодоровиќ.
Во 1982-ра година Балашевиќ ја започна соло кариерата, и набрзо се претвори во најомилениот пејач и текстописец на просторот на поранешна Југославија.