Трогателни видеа: Нови Сад се збогува од Ѓорѓе Балашевиќ – одекнуваат неговите стихови и се палат свеќи на градскиот плоштад
- Детали
- петок, 19 февруари 2021
Заминувањето на неповторливиот Балашевиќ допре длабоко до сечие срце, а Нови Сад се збогува за последен пат од својата легенда - оваа тажна вечер, на градскиот плоштад одекнуваат неговите неповторливи стихови.
Легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ почина на 67-годишна возраст, а зад себе го остави скршено од болка неговото семејство, неговите колеги, сограѓани и фанови од целиот регион, кои му се восхитуваа на неговиот лик и дело.
По веста за неговото заминување, во неговиот роден Нови Сад, сограѓаните му оддаваат почит со палење свеќи на градскиот плоштад, додека одекнуваат неговите песни кои се пеат низ солзи.
Оваа тажна вечер, во Нови Сад одекнуваат неповторливите стихови на легендата која нема да биде заборавена - сцени кои допираат длабоко во срцата:
https://www.instagram.com/p/CLfX_V9JLVy/?igshid=1xztjo20v1k75&fbclid=IwAR08R_DUWkV_Ap7oCgdJuzJIGCeWDkavxCADuYCUUqZ25V34gtPzk5EBjRU
https://www.instagram.com/p/CLfYNVehVRK/?fbclid=IwAR23_v_GiZH7me5ZSeXLG8hFg45_vTK5Sd4G8q1zsgy80lyYnBUWTJdy2PM
https://www.instagram.com/p/CLfUBmWnFFf/?fbclid=IwAR3ZEURh1cMpQ66IoFBvaSQszFcPfsWHp5_GWzjNfJ5ck5HEl9HBgz19nPA
М. М. | Црнобело