Баба од Босна го растажи Балканот: „Имам синови и внуци, но никогаш не ме посетуваат“

„Синовите не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Не знам зошто не доаѓаат, можеби заслужив“ - никој не остана рамнодушен на приказната на баба Назифа. Живее сама и никој не доаѓа да ја посети.

baba-od-bosna-go-rastazi-balkanot-imam-sinovi-i-vnuci-ne-me-posetuvaat-01.jpg

Баба Назифа од Босна ја раскажа својата приказна пред камерите на „Продукција Центар“ и видеото кое беше објавено на Јутјуб доби над 363.000 прегледи за еден месец.

Имала тежок живот, но утеха секогаш наоѓала во работата.  Таа живее сама на планина, во селото во коешто е родена.

Иако е во осмата деценија од животот, сама се грижи за бавчата и стоката што ги има.

Нема пензија и помош секогаш добива од добрите луѓе.

baba-od-bosna-go-rastazi-balkanot-imam-sinovi-i-vnuci-ne-me-posetuvaat-04.jpg

Трипати досега се мажела, а со последниот сопруг добила два сина. 

Од сопругот се разделила, бидејќи многу пиел и ја тепал.

baba-od-bosna-go-rastazi-balkanot-imam-sinovi-i-vnuci-ne-me-posetuvaat-05.jpg

Баба Назифа не сака лекари и никогаш не отишла на лекар, но и не се соочила со некои потешки здравствени проблеми.

„Така одлучив. Пијам чаеви бидејќи имам проблеми со бубрезите. До пред две години можев сѐ сама, но сега веќе не. Можев да испешачам километри за кратко време.

Додека живеам, живеам. Барем да имав убав и среќен живот. Што имам, имам, за она што го немам - патам. Сè што посакував никогаш не ми се исполни“, вели таа.

baba-od-bosna-go-rastazi-balkanot-imam-sinovi-i-vnuci-ne-me-posetuvaat-03.jpg

Моментот кога ја прашуваaт дали синовите ја посетуваат, го крши срцето.

„Не ми доаѓаат често, за нив дознавам преку луѓето. Имам и три внуци. Не знам зошто не доаѓаат, можеби заслужив.

Мајка ми имаше седум деца, татко ми почина млад. Сите нè израсна, изгледа не сум како неа, од каде да знам“, вели баба Назифа.

baba-od-bosna-go-rastazi-balkanot-imam-sinovi-i-vnuci-ne-me-posetuvaat-06.jpg

Вели дека кога би можела да го врати времето, многу работи би променила.

Во животот никогаш ништо тешко не ѝ одело од рака, но најмногу жали што не се омажила за човекот кој го сакала. 

„Ех, сега е доцна. Често мислам дека некои работи можев да ги направам поинаку. Не се омажив за тој што го сакав, и денес се каам за тоа.

Велат дека сум била убава и способна девојка, но немавме среќа јас и тој поради мојата луда глава, сама сум си виновна. Мајка му ме молеше да дојдам, тој не можеше да јаде, ниту да спие поради мене“, раскажа Назифа.

baba-od-bosna-go-rastazi-balkanot-imam-sinovi-i-vnuci-ne-me-posetuvaat-02.jpg

И сега, после толку години, сфатила дека без вистинска љубов нема среќен брак и живот.

„Ако нема вистинска љубов меѓу сопружниците, сѐ е џабе. Во денешно време често се слуша дека остануваат во брак заради децата, тоа е голема грешка.

Истото ѝ го кажав на мојата снаа, кога ми се чинеше дека не го сака доволно мојот син“, вели баба Назифа.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg