Прва семејна фотка од Јелена Јованова и Стјепан Периќ - уживаат во улогата на родители на малиот Јаков

„Првите две, три седмици беа многу напорни. Последици од породувањето, хормони, прилагодување... Сѐ требаше да дојде на свое место. Не беше лесно, но полека влегувавме во рутината. Секој ден стануваше полесно и позабавно“, говори Јелена за раѓањето на синот Јаков за хрватскиот магазин Story.

jelena-jovanova-prvite-sedmici-po-poroduvanjeto-bea-naporni-no-sega-uzhivame-vo-ulogata-na-roditeli-na-jakov-01.jpgФото (средина): Роберт Гашперт за Story.hr

Јелена Јованова и нејзиниот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, во интервју за магазинот Story ексклузивно проговорија за раѓањето на Јаков и за тоа по што ќе ja паметат оваа чудна 2020 година.

Парот се вљуби во 2013 година на филмски сет, во брак стапија во 2015, а се реализираа во улогата на родители во 2020 година.

Јелена е актуелна со улогата во серијата Преспав, а пак Стјепан со улогата на свештеник кој не обожава многу луѓе во серијата „Дар Мар“. 

Во интервју за хрватскиот магазин Story тие откриваат по што ќе ја паметат 2020-та година...

„Оваа година да беше сценарио од холивудски филм ќе кажев: „Малку претеравте“. Но, изгледа ќе згрешев! Прав емоционален вртлог ни донесе 2020, но на пиедесталот се разбира е Јаков. Ќе имаме многу што да му раскажуваме за годината во која се родил“, открива Јелена.

На прашањето како се снашле со улогата на родители...

„Првите две, три седмици беа многу напорни. Последици од породувањето, хормони, прилагодување... Сѐ требаше да дојде на свое место. Не беше лесно, но полека влегувавме во рутината. Секој ден стануваше полесно и позабавно“, вели Јелена.

„За бременоста и породувањето ви кажуваат многу работи, но потоа доаѓа детето. Дојдовме дома, се погледнавме и се прашавме: „И сега што?“ Беше стресно, но се навикнавме по неколку седмици и сега уживаме. Носталгично се смееме на сеќавањата од првата седмица“, додава Стјепан.

На својот Инстаграм профил, Јелена ја сподели првата семејна фотка со синчето Јаков, направена за интервјуто на Story.

Прочитајте го целосниот изворен текст на магазинот Story ТУКА.

С. С. | Црнобело / Фото: Роберт Гашперт за Story.hr

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска за темните дамки на лицето: „Требаше да почнам да ја третирам мелазмата порано“ „Нема песимизам, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш... Ова го пишува...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Јелена Спенџарска на гости кај другарка на Санторини: „Ова е рај, не е реално колку е убаво“ „Не се плашете кремата која што ја ставам потемнува на сонце, раните се во ред“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg