Maкедонка со емотивна исповед за 2020-та: „Наместо мирис на божиќни колачиња, мириса на страв и неизвесност“

„Не знам за вас, ама јас воопшто не се чувствувам празнично. Елката ја накитивме, да. Сијалички закачивме, да. Но во душата е празно. Се плашиме за нашето здравје, се плашиме за здравјето на најблиските, се плашиме за нашата финансиска стабилност. Што ли ќе донесе 2021?, ја почнува својата исповед Фросина.

makedonka-so-emotivna-ispoved-za-2020-ta-mesto-miris-na-bozhikjni-kolachinja-mirisa-na-strav-i-neizvesnost-01.jpg

Фросина Ангеловска е шминкерка, моден дизајнер и инфлуенсерка, која отворено говори за борбата со килограмите, но и за многу други теми од секојдневието.

Овојпат таа напиша емотивна исповед во која искрено говори како се чувствува оваа 2020-та и што сè ѝ недостига.

Со својата исповед таа има за цел да им посочи на сите што се чувствуваат исто вака дека не се сами.

Исповедта на Фросина:

Не знам за вас, ама јас воопшто не се чувствувам празнично.

Елката ја накитивме, да. Сијалички закачивме, да.

Но во душата е празно.

Не можеме да се опуштиме. Што празнуваме?

makedonka-so-emotivna-ispoved-za-2020-ta-mesto-miris-na-bozhikjni-kolachinja-mirisa-na-strav-i-neizvesnost-04.jpgфото: Инстаграм Фрози Фран

Се трудам најмногу од сè да бидам благодарна за она што го имам, да останам позитивна и да не дозволам апатијата да ме обземе, но атмосферата надвладува.

Во воздухот наместо мирис на тазе божиќни колачиња, мириса на страв и неизвесност. Што ли ќе донесе 2021?

Се плашиме за нашето здравје, се плашиме за здравјето на најблиските, се плашиме за нашата финансиска стабилност, се плашиме за иднината. Се плашиме од утре денот.

Со блиските или не се гледаме или на дистанца или на Фејстајм.

Со пријателите со кои одржуваме контакт муабетот се сведува на тоа кој е позитивен, кој бил во контакт со позитивен, кој е во изолација, кој брои денови, кој тешко поминал, кој изгубил некој…

makedonka-so-emotivna-ispoved-za-2020-ta-mesto-miris-na-bozhikjni-kolachinja-mirisa-na-strav-i-neizvesnost-02.jpgФото: Инстаграм Фрози Фран

Сатисфакција во секојдневието речиси и нема. А од што да има? Шетање и патување, нема. Дружби и веселби, нема. Кино, театар, концерти? Кафенце, ресторанче, ручече … или нема или во грч, па нема лезет. Шопинг, за каде? Пари за шопинг, од каде? Забава, каде? Шминка, за каде?

Порано 350 дена годишно бев нашминкана, а имав и инспирација за тоа. Оваа година дали 15 пати се нашминкав. За да ми остане сè на маската, да дојдам дома и да се измијам. Нема ќеф.

makedonka-so-emotivna-ispoved-za-2020-ta-mesto-miris-na-bozhikjni-kolachinja-mirisa-na-strav-i-neizvesnost-03.jpgФото: Инстаграм Фрози Фран

Жал ми е што вака брутално се изразувам, но мислам дека приближно сите сме во ист кош и искрено едвај чекам да ја оставам оваа година зад себе, а воедно полагам огромни надежи во новава.

Ако и вас ви е преку глава од сивилово, ете не сте сами. Ако имате празнична магија во вас, пратете малку наваму, добредојдена е.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна објава на татко на близнаци од Скопје: „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас“ „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас. За малку ќе потклекневме пред ...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Емотивна објава за Мирко Попов, кој денес ќе наполнеше 52 години: „Спектакуларно живееше, достоинств... „На денешен ден 1972 година беше роден човекот кој многу го сакаше животот. Науч...
Весна Бејби емотивна на годишнината од смртта на татко ѝ: „Те сакам до вечноста и назад“ „9-ти декември, денот кога се пресече еден дел од мене. Две години без тебе тато...
Цеце Николова упати емотивна честитка до жената што ја одгледала во СОС Детско село: „Таа од мене на... „Бескрајно сум благодарна за секоја секунда помината со тебе“ – напиша меѓу друг...
Тијана за стравовите во мајчинството: „Вук до свои 2 години зборуваше 'арапски' – никој не го разбир... „Бев загрижена, кога детето ќе прозбори. Тој зборуваше, но никој не можеше да го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg