Плус сајз Македонка направи моќен потег: „Некој е среќен со 50 килограми, а друг и со двојно повеќе“
„Не сите сме родени со предиспозиција за пропорции 90-60-90 и не сите имаме ист животен пат за одење. Некој може да е среќен со 50 килограми, а друг и со дупло повеќе... само да сме здрави и живи!“, порачува Фросина Ангеловска.
На 6-ти октомври се слават прекрасните жени и мажи кои имаат некој килограм плус, односно се слави „Plus Size Appreciation Day“ на кој се порачува дека убавината доаѓа во различни пакувања и дека и плус сајз луѓето се убави.
На оваа тема се огласи и една Македонка.
Фросина Ангеловска е стилист, моден дизајнер, шминкерка и инфлуенсерка и по овој повод на својот Инстаграм профил објави фотографија од себе со опис кој испраќа моќна порака:
„Значи денес е #plussizeappreciationday и се осеќам посебно расположена да се придружам кон хаштагот бидејќи сметам дека свеста за тоа како може да изгледа една жена, што е дозволено, што е општествено прифатливо и што е нормално се има поместено во правилна насока. Не сите сме родени со предиспозиција за пропорции 90-60-90 и не сите имаме ист животен пат за одење.
Најбитниот елемент или уште подобро пресудниот елемент во нашето битисување е среќата,а како што може некој да е среќен со 50 килограми, може некој да е среќен и со дупло повеќе... само да сме здрави и живи! Сакајте се себе ,од таму почнува се и само така ќе можете да му дадете љубов и на остатокот од светот!“
Фотки од Фросина: