Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За 5 минути со фризура како од салон: Трик за брзо виткање на косата во брановидни кадрици

Косата можете да ја навиткате за само неколку минути со помош на овој трик, без да мора тоа да го правите прамен по прамен, ниту пак да користите фигаро или пегла – потребен ви е само добар фен и алуминиумска фолија.

za-5-minuti-so-frizura-kako-od-salon-trik-za-brzo-vitkanje-na-kosata-vo-branovidni-kadrici-01.jpg

Брановидните кадрици се секогаш хит, а можете да ги добиете за само неколку минути без да мора со часови да ја виткате косата прамен по прамен или пак да спиете со виклери.

На Инстаграм се споделува кратко видео со брз трик за брановидна фризура, како од салон, а сѐ што ви треба за да го постигнете посакуваниот ефект е само добар фен и парче алуминиумска фолија.

Овој трик ќе ви се најде особено во деновите кога брзате и немате премногу време за средување, или пак сте заминале некаде на патување, а со себе не ги носите сите потребни препарати и апарати.

Се што треба да направите е да го соберете долниот дел од косата и да го извиткате, па потоа да го обложите со алуминиумска фолија.

za-5-minuti-so-frizura-kako-od-salon-trik-za-brzo-vitkanje-na-kosata-vo-branovidni-kadrici-02.jpg

Земате фен и со него ја затоплувате алуминиумската фолија неколку минути, додека да се вжешти, а потоа само со крпа ја повлекувате надолу.

za-5-minuti-so-frizura-kako-od-salon-trik-za-brzo-vitkanje-na-kosata-vo-branovidni-kadrici-03.jpg

Ефектот е видлив веднаш штом ќе ја отстраните фолијата.

za-5-minuti-so-frizura-kako-od-salon-trik-za-brzo-vitkanje-na-kosata-vo-branovidni-kadrici-04.jpg

Погледнете го видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
8 грешки во шминкањето поради кои изгледате постаро Не нанесувате прајмер пред пудрата и користите сенка со светки која ги истакнува...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Гел, пена, пилинг: Која е разликата меѓу продуктите за чистење лице (и кој е најдобар за вас)? Додека пената за чистење лице е добра за мрсна и комбинирана кожа, не е препорач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg