Веро подготви подароци за првачињата на своите вработени

Вработените во Веро кои се родители на првачиња денеска, 1 октомври, имаат слободен ден од работа за да може да бидат со своите деца на првиот ден од учебната година.

vero-podgotvi-podaroci-za-prvachinjata-na-svoite-vraboteni-01.jpg

Менаџментот на Веро ги ослободи сите родители на првачиња од работните обврски, без оглед дали децата ќе посетуваат настава со физичко присуство или настава од далечина (онлајн настава) и ќе им овозможи да ги придружуваат на првиот училиштен ден.

Освен тоа, компанијата подготви и симболични подароци за првачињата на своите вработени, со цел да ги израдува децата и да им помогне на родителите да го комплетираат потребниот прибор.

- Иако оваа учебна година е невообичаена по многу нешта, првиот училишен ден секогаш е возбудлив и многу значаен за првачињата, но и за нивните родители. Како компанија која се грижи за своите вработени, сакаме да им овозможиме овој значаен ден да го поминат со своите деца, да ги однесат на првиот час или заеднички да го проследат од дома, пружајќи им ја потребната поддршка. Спомените од првиот училишен ден се незаменливи и бесценети, а нашите вработени, на наше огромно задоволство, ќе ги создадат заедно со своите дечиња – велат од менаџментот на Веро.

vero-podgotvi-podaroci-za-prvachinjata-na-svoite-vraboteni-02.jpg

Слободниот ден за родителите на првачињата е само дел од континуираната поддршка што ја добиваат вработените во оваа компанија во текот на целата година. Грижата за вработените е нераскинлив дел од корпоративната култура на компанијата која е на македонскиот пазар повеќе од 20 години.

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Марко Новески доби близнаци на 44 години, а Камењар има две поголеми деца - двајцата ја обожаваат ул... „Поминувам време колку што можам повеќе со близнаците. Дома ги делиме обврски и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg