Busy Board сензорна табла за правилен развој на Вашето дете!

Едноставен начин да ги елиминирате смартфоните, телевизијата и таблетите, а сепак да го задржите вниманието на Вашето дете и да му овозможите правилен раст и развој.

busy-board-senzorna-tabla-za-pravilen-razvoj-na-vasheto-dete-01.jpg

Дали се сеќавате како растевме ние во ера без интернет, YouTube, смартфони, таблети и дигитална технологија? Одговорот е едноставен: среќно!

Задачата на родителот не е ни најмалку лесна и често пати знаеме да го одбереме полесниот пат - вклучуваме YouTube и го „хипнотизираме“ детето со некоја од оние досадни повторувачки мелодии кои ќе го држат мирно барем некое време.

Сепак, штетата која ја правиме на правилниот развој на нашите деца користејќи модерна технологија е непроценлива! Постојат безброј релевантни истражувања кои укажуваат на лошите ефекти кои смартфоните, таблетите и телевизијата ги имаат на развојот на нашите деца, а вистинските штети ќе се увидат дури откако овие генерации ќе пораснат.

Затоа, научниците секогаш цврсто препорачуваат децата да бидат понастрана од модерната технологија, особено во периодот од 6 месеци до 3 години, кога најмногу се развиваат сетилата, моториката, чувството за ориентација, логика и интелигенција.

busy-board-senzorna-tabla-za-pravilen-razvoj-na-vasheto-dete-02.jpg

Штетата која ја правиме на правилниот развој на нашите деца користејќи модерна технологија е непроценлива

Токму од овие причини, педијатрите и детските ортопеди топло ги препорачуваат поавтентичните начини на игра за Вашите деца, со играчки и игри кои ќе можат да го задржат нивното внимание (и родителите да имаат момент да здивнат), а во исто време ќе ги развиваат нивните моторни способности, сетила, интуиција, интелигенција и логика. 

Моментално, „Busy board“ таблите се меѓу најпопуларните играчки за деца кои ги исполнуваат сите погоре наведени услови. Таблите кои можат да бидат во различна големина, содржат и до десетици различни елементи - дел играчки, а дел предмети од секојдневниот живот и го задржуваат вниманието на детето подолго време. Воедно, секој од елементите на различен начин влијае за развивање на моторните способности, сетилата, чувството за ориентација и логика и со тоа има одличен позитивен ефект на развојот на детето.

„Busy board“ таблите се меѓу најпопуларните играчки за деца: го задржуваат нивното внимание, ги развиваат нивните моторни способности, сетила, интуиција, интелигенција и логика

До пред некое време, ваквите табли воопшто не беа достапни на македонскиот пазар, а од скоро на пазарот е присутен брендот Smart Kid - кои прават рачна изработка на овие табли и ги доставуваат на територијата на цела Македонија.

Тие во моментот ја нудат својата прва верзија, таблата Smart Kid 1, која е со димензии 80 на 40 сантиметри и содржи 15 активни елементи и дополнителна декорација кои ќе го задржат вниманието на детето. Со тоа, таблата заменува најмалку 15 самостојни играчки и ефективно го задржува вниманието на детето и позитивно влијае на развојот.

На прв поглед, цената изгледа висока, но споредено со парите кои би ги платиле за десетици играчки кои самостојно нема доволно да го задржат вниманието на Вашето дете, цената на рачно изработената табла е фер. Дополнителна вредност е тоа што кога Вашето дете ќе порасне и ќе ја „израсне“ таблата, можете да ја подарите на некој родител на кому ќе му биде потребна.

Една табла заменува и повеќе од 15 класични играчки со што дополнително го задржува вниманието на секое дете и влијае позитивно на развојот!

Помалите деца можат да си играат со таблата на земја, а во периодот кога очекувате Вашето дете да почне да станува и да проодува, таблата ја преместувате на ѕид, со што дополнително го мотивирате да се исправи и да си игра со омилените игри.

Денес, кога родителите имаат сé помалку слободно време, тешко е да се предвиди и претпостави која од играчките ќе го задржи вниманието на детето, а која ќе биде отфрлена, па купувањето на оваа табла го надминува и тој проблем. 

Доколку успеавме да Ве убедиме дека ова е вистинскиот начин да помогнете во развојот на Вашето дете, а и Вие како родители да добиете повеќе слободно време за да можете да ги завршите останатите обврски, ваква табла можете да нарачате веднаш преку Smart Kid, a тие ќе се погрижат за бесплатна достава до Вашата локација.

Линк: https://www.facebook.com/smartkid.mk/

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg