Талентот им е во гените - Познати Македонци за кои не сте знаеле дека се братучеди
- Детали
- четврток, 10 април 2025
Дали знаевте дека Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се први братучетки со водителката Катерина Тодевска Спасиќ?
Крвта не е вода, а талентот во некои семејства е толку изразен, што не е наследен само од родителите на децата, туку и во поширокото семејство.
Доказ за тоа се и овие познати Македонци кои се крвно поврзани, односно се први или втори братучеди, а притоа се успешни во своите области.
Знаете ли кои се тие?
Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ со Катерина и Ана Тодевски
Пејачките Тамара и Тијана се први братучетки со водителка на емисијата „Скопје але але“ и „Никој како...“, Катарина Тодевска Спасиќ и нејзината сестра Ана Тодевска, која долги години работи како презентерка на вести на домашните телевизии.
Маја Саздановска со Дарко и Оливер Димитрови
Пејачката Маја Саздановска, која е вработена во МОБ, а долги години пее придружни вокали на настапите на Калиопи, има навистина големо и познато семејство.
Нејзин тетин е композиторот Славе Димитров, а тетка ѝ е фолк-легендата Виолета Томовска.
Но, дел од нејзините први и втори братучеди се занимаваат со јавна професија и се популарни.
Први братучеди на Маја се композиторите и продуценти Дарко и Оливер Димитрови, синовите на Славе Димитров.
Маја Саздановска со Олгица Христовска
Втора братучетка на Маја е пејачката Олгица Христовска, која ја испеа „Свирете ја Зајди, зајди“.
Олгица последниве години е повлечена од јавната сцена.
Маја Саздановска со Ади и Дино Имери
Втори братучеди на Маја се и браќата Ади и Дино Имери, синови на Дамир Имери.
Дино важи за еден од најдобрите македонски пијанисти и е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Ади, пак, свири на неколку инструменти, но најчесто настапува со својата гитара и соработува со бројни музичари.
Маја Саздановска со Бобан Мирковски
Пејачката е втора братучетка и со пијанистот Бобан Мирковски.
Тој, освен што одржува концерти во земјава и странство, има освоено бројни награди на меѓународни фестивали, а досега снимил и два албума за пијано - Facing the Sun и Album.
Нора и Бени Шаќири со Ервин Цого
Бени Шаќири, пејачот на Нон Стоп и неговата сестра, Нора се први братучеди со поранешниот кошаркар и баскетџија Ервин Цого.
Цого во својата кариера играше за неколку кошаркарски клубови, по што кариерата ја продолжи во баскет 3х3, а од неодамна е селектор на швајцарската 3х3 репрезентација и тренер на две женски кошаркарски екипи во Швајцарија.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





