Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Се ожени Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ - Невестата со впечатлив стил, пејачот во црно-бело одело

Неколку дена по свадбата, Филип сподели фотографии на својот Инстаграм, со едноставен коментар: „Господин и госпоѓа Пецовски“.

se-ozheni-filip-pecovski-milenikot-na-karleusha-vo-dzvezdite-na-grand-01.jpg

Македонскиот пејач Филип Пецовски се ожени со својата сакана Марија.

Тие се венчаа минатиот викенд, седум месеци откако Филип ја побара Марија за сопруга.

Неколку дена по свадбата, Филип сподели фотографии на својот Инстаграм, со едноставна порака: „Господин и госпоѓа Пецовски“.

За свадбата тој избра модерен костум со бело палто и црна кошула, без вратоврска.

se-ozheni-filip-pecovski-milenikot-na-karleusha-vo-dzvezdite-na-grand-03.jpg

Невестата, пак, носеше фустан без прерамки, со додаток - ракави од тул со бисери и со шлиц на преклоп.

Највпечатлив дел од нејзиниот изглед беше белата шапка со превез.

se-ozheni-filip-pecovski-milenikot-na-karleusha-vo-dzvezdite-na-grand-04.jpg

Филип и Марија се свршија во јули 2024, кога пејачот ѝ подготви романтично изненадување со прстен, латици од рози и црвени балони.

За потсетување, Филип се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ во 2019 година. Негов ментор беше Јелена Карлеуша, иако и Марија Шерифовиќ го сакаше во својот тим.

Карлеуша не криеше дека Филип ѝ е миленик, и секогаш на неговите настапи стануваше, играше, се забавуваше и го фалеше неговото пеење.

Погледнете ги фотографиите од свадбата на Филип и Марија:

se-ozheni-filip-pecovski-milenikot-na-karleusha-vo-dzvezdite-na-grand-05.jpg

se-ozheni-filip-pecovski-milenikot-na-karleusha-vo-dzvezdite-na-grand-16.jpg

se-ozheni-filip-pecovski-milenikot-na-karleusha-vo-dzvezdite-na-grand-15.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg