Каде е и што прави денес Угро?
Да се работи на брод е тешко и стресно, но едновремено и убаво и релаксирано.
Како што секој ден бродот застанува на различно пристаниште, така и секој ден тука е различен.
Омилено ми е што навистина има што да се види кога бродот ќе се закотви некаде.
За мене планетата е дом и не живеам во некакви граници ваму или таму. 180 дена поминувам на море, па одам на месец/два дома. Ова го правам веќе 11 години.
Искрено, да немав деца не би се враќал во Македонија воопшто.
Одлуката за работа на брод не ја носиш затоа што сакаш, туку затоа што мораш. Јас сметам дека ретко кој би се нафатил на таква напорна работа, освен ако не е присилен да го направи тоа.
Има негативни страни како храната и односот со некои луѓе, но се фокусираш на убавата страна и живееш со мислата дека утрешниот ден ќе биде подобар.
На брод нема гледање вести секој ден и тоа ми се допаѓа.
Но, од друга страна има 70 нации и тоа измешано на едно место знае да биде чудна комбинација.
Сепак јас се фокусирам на добрата заработувачка и на местата кои добивам шанса да ги посетам“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело