Каде е и што прави денес Угро?
- Детали
- понеделник, 20 јануари 2025
„Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум на брод, на кој има 6.000 луѓе. Да се работи на брод е тешко и стресно, но едновремено и убаво и релаксирано“, вели Никола Угриновски Угро (51) за CRNOBELO.com.
Никола Угриновски Угро е име кое ни враќа спомени на најубавите денови кои ги живееше македонската музичка естрада во 90-тите години.
Сигурно и вие се сеќавате на неговите песни „Шест броја“, „Фраер од пелени“, „Знам дека си ти“, „Кажи ДА“...
Уникатен и свој, тој остави силен печат на нашата музичка сцена.
Денес, Угро има 51 години, татко е на две ќерки и повеќе не се занимава со музика.
Повеќе од една деценија работи на брод, а неговите ќерки живеат во Скопје со мајка им, каде тој се враќа по секој 6-месечен договор на брод.
Вели дека тие се единствената причина поради која доаѓа во Македонија.
Го контактиравме Угро, го потсетивме на старите добри времиња, но и го запрашавме каде е и што прави денес.
Угро за CRNOBELO.com вели:
„Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Нормално, не беше сè сјајно и тогаш, но сепак беше убаво.
фото: Фејсбук
Мозокот некако си знае како да ги потисне негативните работи и во сеќавање да ни ги остави позитивните.
Искрено, не знам точно колку песни издадов, и соло песни и соработки. Бев млад и блесав и штом дојдеше некоја идеја, веднаш снимав.
Музиката не е воз на шини, на креативноста не можете да ѝ составите распоред во телефонот, па како чувствував - така правев.
Инаку, да одберам омилена песна не можам, затоа што тоа е како на родител да му кажете да одбере омилено дете.
Моментално сум на брод, на кој има 6.000. Работам на бродот „Norwegian Viva“.