Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вејв 6 ни открива - дали навистина еден лајк е толку важен?

wave-6-ni-otkriva-dali-navistina-eden-lajk-e-tolku-vazen-povekjeУниверзал медиа Скопје ги објави резултатите од глобалното истражување на социјалните медиуми “Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација”.


Истражувањето покрива 43 проценти од светската интернет популација, во него учествуваат 62 земји и 41.738 испитаника. Оваа година за прв пат и Македонија беше дел од ова најголемо и најобемно истражување на социјалните медиуми кое кај нас го реализираше Универзал Медиа Скопје.

‘‘Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација‘‘ го истражува влијанието на социјалните медиуми на денешниот глобален пазар, анализира како корисниците во 62 земји ги користат сајтовите како Фејсбук и Твитер за комуникација со брендовите, и што сакаат и што очекуваат од овие искуства.

wave-6-ni-otkriva-dali-navistina-eden-lajk-e-tolku-vazen

 ‘‘Овогодинешното изданије на Wave 6, е исклучително значајно за нас, бидејќи успеавме за прв пат да ја вклучиме и Македонија. Обемот на истражувањата секоја година сразмерно се зголемува, па така нашето лобирање како и фактот што имаме голем број на интернет корисници, како и значително присуство  на социјалните мрежи, бeа аргументи кои не можеа да се игнорираат. ‘‘, вели Маја Стојаноска, Директор на Универзал Медиа.

Wave 6 покажа дека испитаниците од Македонија во голем дел ги делат истите навики и размислувања за социјалните мрежи со интернет корисниците во светот.

Македонските испитаници на интернет најмногу менаџираат профили на некоја социјална мрежа: дури 87 % одговориле дека тоа го имаат направено во последните 6 месеца.

Понатаму, 84% од нашите испитаници велат дека посетиле официјална веб страна на некоја компанија, додека 74% се приклучиле кон некоја онлајн заедница на одреден бренд.

Своето слободно време, македонските учесници во истражувањето, речиси подеднакво го поминуваат на социјалните мрежи и гледајќи телевизија.

И ние, како и остатокот од светот, сме загрижени за количеството лични информации кое се пласира на социјалните мрежи: 54% од испитаниците одговориле дека тој податок ги вознемирува. Но, сепак подготвени сме да ‘‘жртвуваме‘‘ дел од својата интима со цел да бидеме во тек со случувањата: 30% од испитаниците сметаат дека ќе пропуштат нешто доколку не го посетат својот профил на социјалните мрежи.

‘‘Вејв 6 е моќна алатка преку која ја разбираме улогата на социјалните мрежи и која ни дава увид во важноста и влијанието на социјалните медиуми  кај нас. Тие стануваат толку значајни во медиумскиот микс што од клучно значење е брендовите и компаниите да почнат да размислуваат како да ги користат овие платформи во комбинација со потрадиционалните медиуми со цел да допрат до повеќе потрошувачи на поефективен начин.‘‘, додава Стојаноска.

Резулатите од Вејв 6 ни овозможуваат да издвоиме 3 главни согледувања: најмоќно социјално искуство е одговарањето на прашањата поврзани со брендовите и поплаките на корисниците, вебсајтовите на брендовите бргу стануваат еднодимензионално искуство што младите бргу го напуштаат и фактот дека и покрај сè поголемата загриженост за приватноста на податоците, луѓето се подготвени да ја платат цената кога се работи за социјално поврзување.

Погледнете ги резултатите од Вејв 6:
http://universalmedia.mk/wave6.html


За УМ

УМ е глобална агенција за медиумски комуникации во чиешто портфолио се вбројуваат најголемите глобални компании како Компанијата Кока-Кола, Микрософт, Сони, Мастеркард, Џонсон и Џонсон, Лореал, Крајслер и др. Како дел од IPG Media brands, УМ има 151 канцеларија во 130 земји и вработува 3.600 креативни мислители..

УМ е присутна во Македонија уште од 1997 година, како дел од Меккен Ериксон Скопје.

Во 2010г., како резултат на пазарните промени, потребите на клиентите и светските трендови во индустријата, УМ Скопје се одвојува како посебна агенција специјализирана за медиуми.

Би можело да ве интересира:

Браво! Македонски ученици освоија 1 златен и 2 бронзени медали на Математичка олимпијада Дамјан Давков во 2021-ва, на само 13 години го освои првиот сребрен медал на Инт...
Славчо Попоски, метеоролог: „Неделава потопло време – температурите ќе се искачат и до 29 степени Це... „Во скопскиот регион ќе имаме стабилно, суво, сончево и значително потопло време...
Каролина сподели приватни фотки од германската турнеја – На прошетка со сопругот, посети божиќен баз... „Дама пред сè“ - фановите не ги штедеа комплиментите за Каролина, откако пејачка...
Васил Зафирчев за родниот град: „Спомен куќата на Рацин ми е меѓу омилените места во Велес“ „Новиот и стариот мост, малото мовче и железен мост се дел од мостовите во Велес...
Туна Сејдиу го прослави роденденот на синовите: Со поранешниот сопруг позираат пред роденденските то... Првото дете наполни 7, а второто 3 години - Пејачката Туна со поранешниот сопруг...
„Родители внимавајте“: Нов опасен ТикТок предизвик во Македонија и регионот – деца завршија во болни... Предизвикот познат како „Супермен“ се прослави и кај нас, а веќе десетина деца с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg