Туна Сејдиу го прослави роденденот на синовите: Со поранешниот сопруг позираат пред роденденските торти
- Детали
- четврток, 09 мај 2024
Првото дете наполни 7, а второто 3 години - Пејачката Туна со поранешниот сопруг го прослави роденденот на двата сина и објави неколку фотографии од забавата на Инстаграм Стори.
Пејачката Алтуна Сејдиу, попозната како Туна, го прослави роденденот на синовите Тиан и Зен, кои годинава полнат 7 и 3 години.
Таа на Инстаграм Стори објави фотки со поранешниот сопруг Патрис Бериша, со кого заедно со синовите позираа пред роденденските торти во форма на фудбалски топки.
Туна и Патрис веќе подолго време не се заедно, но сепак заедно го прославија роденденот на синовите.
Тие претходно објавија фотка на која се гледа дека родендените ги одбележале и во домашна атмосфера со најблиските.
Познато е дека пејачката се раздели од косовскиот музичар непосредно пред да се породи со второто дете.
Таа долго време ја криеше бременоста, по што објави емотивни фотки од породувањето.
Туна на прославата во игротека носеше кроп топ маичка и кратко црно здолниште, а стајлингот го искомбинира со патики.
Инаку пејачката пред две недели го промени имиџот и го следи трендот кој е популарен во последните неколку години - со шишки во форма на завеса.
Б. С. Б. | Црнобело