Туна Сејдиу стана мајка по вторпат и објави емотивни фотки од породувањето
- Детали
- недела, 09 мај 2021
„Се молев на Бог да ми донесе маж кој секогаш ќе ме сака, тој ме благослови со два сина“ – напиша пејачката покрај емотивните фотки од породувањето со второто синче.
35-годишната пејачка на Денот на мајката го доби второто синче и ги овековечи емотивните моменти по породувањето.
На својот Инстаграм профил таа со своите фанови сподели фотки од моментите по раѓањето на второто синче Зен и напиша:
„Се молев на Бог да ми донесе на светот маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и Зен.“
Инаку, Туна за првпат се оствари во улогата на мајка во 2017-та, кога го роди првиот син Тиан.
М. М. | Црнобело