Каролина сподели приватни фотки од германската турнеја – На прошетка со сопругот, посети божиќен базар
- Детали
- вторник, 24 декември 2024
„Дама пред сè“ - фановите не ги штедеа комплиментите за Каролина, откако пејачката им дозволи да ѕирнат зад сцената, на нејзината германска турнеја.
Нашата поп-ѕвезда Каролина Гочева ја заврши својата германска турнеја, која опфаќаше концерти во шест града низ земјата – Штутгарт, Нирнберг, Дизелдорф, Мајнц, Хамбург и Берлин.
По секој од концертите, Каролина споделуваше фотографии од настапите и дружењето со публиката, а во Хамбург помина малку време и со малата Анастасија (12) која е нејзина голема обожавателка.
И иако е позната по тоа што својот приватен живот се труди да го чува подалеку од јавноста, таа објави и фотографии од зад сцената на германската турнеја и им даде можност на нејзините фанови да ѕирнат како Каролина си поминува со саканите, со пријателите и музичарите кога е на турнеја.
Секаде насмеана и расположена, Каролина одлично се забавуваше на турнејата.
Пејачката откри дека била во посета на музеј, на тајландска храна, дека уживала во добро кафе, дружење со музичарите од бендот, но и организаторите на турнејата.
Таа посети и еден од познатите германски божиќни базари.
На патувањето со неа беше и сопругот Михаил, па Каролина овој пат објави и фотографија со него.
„Дама пред сè“ – не ги штедеа комплиментите нејзините фанови.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело