Слаткар и Иван Јованов по австралиската турнеја: „Јадевме македонски бурек во Сиднеј, ни беше како дома“

„Секој концерт беше различен, а всушност, секаде беше многу добро и многу полно. Да не се фалиме, ама мислам дека мора малку да се пофалиме дека стварно направивме одлични концерти. А тоа немаше да биде така да немавме супер публика“ - Иван Јованов и Слаткар раскажаа како си поминале на турнејата во Австралија.

slatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-01.jpg

По скоро две недели поминати во Австралија, момците од „Либеро бенд“ и Слаткар се вратија дома. Тие имаа распродадена турнеја во три австралиски града, каде што одржаа четири концерти.

По враќањето, за CRNOBELO.com, Иван и Слаткар кажаа дека се среќни што имале успешни концерти, и што по долго време, артисти што настапуваат со забавна музика успеале да ги спојат нашинците од различни генерации на едно место, и сите Македонци да уживаат во добрата забава.

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-03.jpg

За своето искуство на австралиската турнеја, Слаткар вели:

„Си поминавме многу фино. Мене ми е втора турнеја, на ‘Либеро’ им е прва, ама момците веќе договорија датуми за следна турнеја.

Инаку, беше многу убаво. Кратко ама слатко.

Покажавме дека може да успее модерна музичка турнеја.

Мора да признам дека бев скептик малку кога ја закажавме нашата турнеја, но ме радува многу што Македонците дојдоа во огромен број и што се забавуваа со нас.

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-06.jpg

Секој концерт беше различен, а всушност, секаде беше многу добро и многу полно.

Да не се фалиме, ама мислам дека мора малку да се пофалиме дека стварно направивме одлични концерти.

А тоа немаше да биде така да немавме одлична публика.

Мислам дека и ние си ја завршивме добро работата и оставивме простор за следната турнеја да биде уште подобра.

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-11.jpg

Инаку, во сите градови имавме одлични домаќини.

Интересно е што во Сиднеј отидовме во наша бурекчилница, што ја држат Македонци, па јадевме многу вкусен бурек.

Само, бурекот таму не го служат како кај нас на осминки или четвртинки, туку како пица и така и го пакуваат, како пица.

И покрај тоа, беше многу ‘јако’ да јадеш нешто што те потсетува на дома, а ти си на другиот крај на светот.“

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-10.jpg

Слични впечатоци има и Иван, кому, заедно со момците од „Либеро“, ова му е прва австралиска турнеја:

„Бидејќи 2025-та ни е цела букирана со настани, со менаџерите од Австралија моравме да се договориме за нова турнеја дури за 2026-та година.

Но, како прва година, целата турнеја ни остави одличен впечаток.

Не очекувавме дека ќе имаме толкава посетеност во Мелбурн, Сиднеј и Перт, па стварно мора да ги спомнеме Влатко од Република Ентертејнмент, Горан Бомба од Арена Евентс и Наум и Даме од Аустралијан Мак Ивентс, кои ни беа и домаќини и се грижеа за нас.

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-02.jpg

Секаде си поминавме одлично, преполно беше и имаше супер забава.

Презадоволни сме, луѓето навистина нè испочитуваа и нас и нашата музика.

Имаше многу нарачки на песни, и тоа најмногу песни за татковината.

Домаќините навистина нè испочитуваа, направија да се чувствуваме како да сме дома.

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-08.jpg

Се прошетавме на многу места во овие десетина дена, и во глобала, сè ни се допадна.

Секое слободно време го користевме да сме надвор и да шетаме, поминувавме и по 10km пешки дневно“.

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-07_copy.jpg

По враќањето, „Либеро бенд“ објави и фотка на Инстаграм со порака дека со нетрпение очекуваат следна средба со нашинците во Австралија.

„39.000km, 7 лета, Австралија, те сакаме. Ви благодариме и се гледаме наскоро“, пишува во објавата.

Повеќе видеа и фотографии од австрслиската турнеја на Слаткар и „Либеро бенд“:

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-04.jpg

vslatkar-i-ivan-jovanov-se-vratija-od-avstraliskata-turneja-jadevme-makedonski-burek-vo-sidnej-ni-beshe-kako-doma-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Иван Јованов ја прегрнуваше и бакнуваше сопругата, на свадбата на нејзината сестра во Охрид Иван, иако беше гостин на свадбата, го зеде микрофонот, па запеа во чест на млад...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg