Боса во пустина, елегантна на романтична вечера со сопругот - Каролина и Михаил заљубени во Катар
- Детали
- петок, 07 март 2025
„Минатиот месец ја откривме Доха, ама сликите дури сега дојдоа на ред“ - напиша поп-ѕвездата на Инстаграм и објави фотки со кои повторно покажа дека е наша кралица на стилот.
Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин неодамна беа на патување во Катар.
Поп-ѕвездата објави фотографии и видеа од патувањето еден месец откако се врати во Македонија, но, и понатаму под силни впечатоци од она што го видела и доживеала таму.
„Минатиот месец ја откривме Доха, ама сликите дури сега дојдоа на ред“ - напиша Каролина на Инстаграм.
Таа сподели фотки на кои шета боса низ пустина, од посетата на музејот во Доха кој е дизајниран во форма на пустинска роза, од прошетките низ главниот град на Катар, како ужива на романтична вечера со Михаил...
Каролина уште еднаш покажа дека секогаш изгледа одлично и беспрекорно, без оглед дали е во спортска или елегантна комбинација.
На една од фотките таа е облечена во фустан во зелена боја, со шлиц до колкот, во кој изгледа совршено.
Погледнете ги фотографиите:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





