„Ја запознав Каролина – во живо е убава и едноставна“ - Анастасија (12) од Скопје живее во Хамбург и ја промовира Македонија

„Мислев дека ќе имам многу трема, но после 5 минути од нашето дружење со Каролина Гочева, тремата не ја почувствував“ - раскажува Анастасија (12), која живее во Хамбург, а има за цел да биде амбасадор на нашата татковина и ја промовира позитивно, како по своите убавини, така и по успешни уметници. 

ja-zapoznav-karolina-vo-zhivo-e-ubava-i-ednostavna-anastasija-12-od-skopje-zhivee-vo-hamburg-i-ja-promovira-makedonija-01.jpg

Анастасија Анастасова има 12 години и живее во Хамбург, Германија од своја 4-годишна возраст, а родена е во Скопје.

Таа е 6 одделение по германски систем, односно во Македонија би била 7 одделение, а хоби на Анастасија ѝ е модерен танц Хип Хоп и посетува и школо за млади Таленти за глума.

ja-zapoznav-karolina-vo-zhivo-e-ubava-i-ednostavna-anastasija-12-od-skopje-zhivee-vo-hamburg-i-ja-promovira-makedonija-10.jpg

Но, освен тоа, таа е многу ангажирана во нејзината мисија да ја промовира Македонија пошироко од границите на земјата и на својот YouTube канал честопати снима видеа.

Досега има снимено повеќе репортажи за некои од најубавите места и градови низ Македонија и се претставува како еден вид на амбасадор на сопствената татковина.

Горда на своите корени и потекло, Анастасија иако живее во Германија, сака да го запознае светот со Македонија, па уште пред неколку години почна да објавува едукативни видеа во кои раскажува за богатата историја на нашата земја, ги запознава своите следбеници со убавините на Македонија и секако прави интервјуа со повеќе познати македонски личности.

Таа има снимено интервју со поранешниот претседател Стево Пендаровски, со Некст Тајм, Џокси и многу други, а во најновото видео објави кратко интервју со нашата Каролина Гочева, од концертот кој го имаше во Хамбург на 13.12.2024, каде што Анастасија живее.

ja-zapoznav-karolina-vo-zhivo-e-ubava-i-ednostavna-anastasija-12-od-skopje-zhivee-vo-hamburg-i-ja-promovira-makedonija-02.jpg

За CRNOBELO.com Анастасија раскажа како стигнала до Каролина и какво било искуството да се запознае со неа и да ја интервјуира:

„Во моето семејство често се слуша македонска музика. Меѓу кои и Каролина Гочева. Кога се објави официјално германската турнеја на Каролина Гочева без дилема резервиравме карти да го посетиме нејзиниот концерт, бидејќи беше вклучен и Хамбург како град.

Стапивме во контакт со организаторите и се договоривме да снимам интервју односно целосно видео како моја гостинка за мојот YouTube канал.

ja-zapoznav-karolina-vo-zhivo-e-ubava-i-ednostavna-anastasija-12-od-skopje-zhivee-vo-hamburg-i-ja-promovira-makedonija-03.jpg

Нè изненади брзиот одоговор од организаторите кои по договор со Каролина нè известија дека можам да направам ексклузивно интервју за мојот канал YouTube Mit Anastasija.

Дружењето беше одлично, во живо е навистина едноставна и убава.

За интервјуто се спремав една недела и мислев дека ќе имам многу трема, но после 5 минути од нашето дружење со Каролина Гочева, тремата не ја почувствував.

Навистина е еден голем професионалец којшто има одличен пристап“.

ja-zapoznav-karolina-vo-zhivo-e-ubava-i-ednostavna-anastasija-12-od-skopje-zhivee-vo-hamburg-i-ja-promovira-makedonija-04.jpg

Во нејзиното видео, Анастасија прикажува најдобри моменти од настапот на нашата пејачка, зборува со неколку посетители, но и со организаторите, кои на крај ги замолува да ја запознаат со Каролина. 

Каролина ѝ откри дека турнејата низ Германија била феноменална, а дека многу ѝ се допаднал Хамбург, иако не можела многу да прошета заради ладното време.

ja-zapoznav-karolina-vo-zhivo-e-ubava-i-ednostavna-anastasija-12-od-skopje-zhivee-vo-hamburg-i-ja-promovira-makedonija-05.jpg

„Преубаво беше досега, денес е 5-ти концерт од турнејата, уште неколку дена сме низ Германија, вечерва во Хамбург. Досега беше преубаво, имаше прекрасни наши луѓе Македонци кои направија да се чувствуваме како дома.

Во секој град нешто убаво се случуваше, многу ми се допаѓа Хамбург, но многу е ладно и не можам убаво да го доживеам градот, но си ветив дека морам да се вратам зошто е прекрасно, во многу убав град живеете.

Посетивме божиќен пазар, бевме малку низ некоја пешачка зона со продавници, бевме во филхармонијата и во едно фино барче вечерта, но рано си отидов да си легнам, бидејќи ме чекаше концерт утредента“ - раскажува пејачката за време на опуштената средба со Анастасија. 

ja-zapoznav-karolina-vo-zhivo-e-ubava-i-ednostavna-anastasija-12-od-skopje-zhivee-vo-hamburg-i-ja-promovira-makedonija-06.jpg

Со оглед на тоа што видеата ѝ изгледаат одлично, ја прашавме Анастасија како тече целиот процес од идеја до реализација. 

„Со мојата фамилија се трудиме да следиме што е актуелно и зедно ги бараме темите и што следно ќе се снима. Некогаш добиваме идеи и од други луѓе и веднаш ги реализираме. Како што споменав од голема важност и помош ми се моите родители.

Од нив имам целосна поддршка и заедно се спремаме за видеата. Некогаш ни треба за некое видео и до две недели спремање, концепт, гардероба, информирање, собирање информации, вежбање на текст итн.

Но откако ќе заврши снимањето, следува монтирање и објавување за кои се задолжени моите родители. Тоа значи навистина многу ангажман. Слободното време го користам за дружење со моите неколку најдобри другарки, а за викенди секогаш планираме со мојата фамилија да се среќаваме со македонски фамилии“ - раскажува за CRNOBELO.com Анастасија. 

Погледнете го видеото на Анастасија од концертот на Каролина:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Каролина со моќна порака од Германија: „Тажно е што кога од многу страни сакаат да нè згазат, ние се... „Вечерашниов концерт бил бојкотиран, се испраќале апели да не се присуствува.&nb...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg