Кои се омилените парфеми на нашите политичари?

Александар Стојковски

Омилен парфем ми е Invictus од Paco Rabanne. Некако ми делува свежо, а во исто време и моќно.

Го користам долго и не можам да опишам зошто го сакам, тоа е само чувство - така и ги бирам парфемите, по некое мое чувство.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-03.jpg

Славјанка Петровска

Сакам мирис на чистина и мирис кој релаксира и дава чувство на свежина, но истовремено дава чувство на сила и цврстина.

Не трошам многу пари на парфеми и се радувам кога ќе ги видам некои од моите омилени парфеми на попуст.

Најчесто ги користам One Мillion на Paco Rabanne, Live на Boss, White на Ellie Saab и најомилениот Idole од Lancomе, кој го користам во моментов.

Не робувам на скапи и модерни парфеми кои мора да ги имам зашто трендот е таков, туку секогаш бирам парфем во кој ќе се препознаам.

Има еден парфем, кој иако не го користам, го препознавам и го сакам затоа што ми дава чувство на топлина и љубов, тоа е Chanel No.5, тоа беше најомилениот парфем на мојата мајка.

Во Новата 2025-та ќе посакам сите да го почувствуваме мирисот на радоста и среќата, а најмногу на безусловната љубовта, затоа што таа ги носи сите добри нешта.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-011.jpg

Фатмир Битиќи

Имам неколку омилени парфеми, но најомилен и пармем што најчесто го користам е Bleu de Chanel.

Го користам последниве 6 години, сигурно.

Ми дава свежина и ме полни со енергија.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-08.jpg

Марија Митева

Мојот омилен парфем е Lancome Miracle, со топли ноти на фрезија - суптилни, но трајни.

Ме потсетува на нов ден, на моменти на мир и остана со мене низ годините.

Ги отсликува вредностите што ми се драги: едноставност и автентичност.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-02.jpg

Орце Ѓорѓиевски

Еден од моите омилени парфеми е Invictus од Paco Rabanne, а кој долго време го користев.

Мирисот е моќен и свеж, а дополнително, името Invictus, што значи 'непобедлив', е нешто со кое се идентификувам и што е на некој начин моја карактерна особина, бидејќи секогаш се стремам да излезам како победник од секоја ситуација.

Во моментов, го користам Sauvage од Dior, кој ми е подарок од мојата сопруга.

Тоа е парфем со впечатлив и енергичен мирис, композиција со хармонија меѓу класичното и модерното, нешто што мене како личност ми е многу блиско.

Не менувам често парфеми. Најчесто ги добивам како подарок и секој од нив носи своја приказна, спомен и емоција.

koi-im-se-omilenite-parfemi-na-nashite-politichari-05.jpg

Прочитајте и Каролина - Chloè, Лозано 20 години со ист мирис: Кои се омилените парфеми на познатите Македонци?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg