Браво! Македонка црта патики, инспирирана од македонскиот традиционален вез
- Детали
- петок, 18 октомври 2024
„Македонскиот традиционален вез отсекогаш ми бил доста инспиративен и сум сакала да го насликам на парчиња гардероба или во случајот на старки. Сакав да направам еден спој на традиционалното со современото“, вели Билјана Јуруковски за CRNOBELO.com.
Билјана Јуруковски е македонска фотографка и уметница која живее во Австралија, но постојано патува низ светот и низ својот објектив доловува неверојатни сцени.
Нејзините фотографии неретко се наоѓаа во најпознатите светски магазини од типот на „Тhe Guardian“.
Но, на нејзината креативност и подготвеност за ескперименти им нема крај, па така сега таа црта на старки.
За CRNOBELO.com открива од каде инспирацијата за ова:
„Со процесот на сликање на текстил се имам сретнато во повеќе земји низ моите патувања и со различни техники.
За прв пат пробав во Бали на една работилница, со посебна техника (батик), каде шемата се прави со восок и се бои помеѓу линиите.
Идејата за сликање на старки, а и на други парчиња гардероба не ми е од сега и претходно сум сликала парчиња со различни мотиви.
Додека поминував време со уметник Абориџин во Австралија, кој ме учеше на нивната уметност на сликање со точки, изработив еден пар чизми и два фустани со абориџински мотиви.
Македонскиот традиционален вез од секогаш ми бил доста инспиративен и сум сакала да го насликам на парчиња гардероба или во случајот на старки Converse. Сакав да направам еден спој на традиционалното со современото.