Македонка живееше 2 седмици со некои од најизолираните африкански племиња во Јужен Судан (фото+видео)

По 2 седмици минати во живот во сурови услови со припадници на африканските племиња, Билјана посети познат ресторан во Јужен Судан каде јадела козјо месо зачинето со пикантни муви, а оттаму со уникатен превоз пристигнала до Џуба, главниот град на Јужен Судан.

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-01.jpg

Билјана Јуруковски е македонска фотографка и уметница која живее во Австралија, но постојано патува низ светот и низ својот објектив доловува неверојатни сцени. Нејзините фотографии неретко се наоѓаа во најпознатите светски магазини од типот на „Тhe Guardian“.

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-001.jpgфото: Фејсбук Билјана Јуруковски

Потекнува од Прилеп и има посетено многу земји досега.

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-002.jpgфото: Фејсбук Билјана Јуруковски

Моментално Билјана престојува во Јужен Судан. Оттаму прикачува фотографии и видеа на Фејсбук, но откри и дека 2 седмици била сосема на страна од цивилизацијата минувајќи време со некои од најизолираните африкански племиња.

Со членови од едно племе таа дури сними и видео порака во која вели:

„Испраќаме љубов кон светот заедно со Џие луѓето и порака дека пред сè треба да бидеме хумани и приземјени. Да ги прифатиме другите без разлика кои сè, односно без разлика кој статус го имаат во општеството и да ги зачуваме вредностите на почит и љубов.“

https://www.facebook.com/biljana.jurukovski/videos/469309871267522

Билјана откри дека племињата живееле во навистина сурови услови, без вода.

По 2-те седмици со племињата, таа откри дека пристигнала во цивилизација и ручала во еден од најдобрите рсторани во Капоета, град во Јужен Судан:

„Јужен Судан ја преживеа Биби. А јас сум исто здрава и жива и уште многу, многу побогата, со нови пријатели и искуства. Денес пристигнавме конечно во цивилизација после 2 недели поминати со некои од најизолираните племиња и еве малку и јас да се пофалам дека ручам во еден од најдобрите ресторани во Капоета. Муназ ресторан.

За ручек супа од коза, пржено козјо месо, зачинето со пикантни муви и грав.“

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-03.jpg

Потоа таа откри дека отпатувала на друго место, поточно во главниот град на Јужен Судан, Џуба, но со уникатен превоз:

„Безбедно стигнавме во Џуба, малку стегнати во авиончето кое е наменето за 12 патници а бевме 16, но тоа ти е Африка, очекувај го неочекуваното.“

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-12.jpg

Фотографии од нејзиниот престој таму, кои ги објавува на својот Фејсбук профил:

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-02.jpg

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-05.jpg

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-07.jpgmakedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-06.jpg

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-04.jpg

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-10.jpg

makedonka-zhiveeshe-2-sedmici-so-najizoliranite-afrikanski-pleminja-vo-juzhen-sudan-foto-video-11.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+ви... На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешк...
Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ... На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...
Ресорт направен како реплика на Санторини е хит во Кина (фото+видео) Во кинеската провинција Јунан, има ресорт кој е како реплика на Санторини, а бид...
Спомен соба на Петре М. Андреевски, Валајца – Зошто вреди да се посети демирхисарското село Слоештиц... „За да бидат јамболиите цут бели, треба да се однесат на Валајца“ – велеа домаќи...
8 европски дестинации со пријатни температури за патување во месец мај Доколку планирате одмор во непосредна близина, секако на оваа листа е нашиот јуж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg