„Тоше, те сакаме“ - Македонците со емотивни објави за Тоше Проески, 17 години откако го изгубивме

Во редакција на една македонска радио станица цел ден слушаме песни од Тоше Проески и се ежам... Миа Костова, пак, на овој тажен ден вели: „Јас сум една од оние кои не слушаат негови песни и менувам радио станица ако го слушнам. Едноставно немам сила за неговиот глас и никогаш не се помирив дека замина“. Тоше, непребол си ѝ на цела Македонија!

toshe-te-sakame-makedoncite-so-emotivni-objavi-za-toshe-proeski-17-godini-otkako-go-izgubivme-01.jpg

Денес (16.10) е тажен ден и ќе ми биде тажен до крајот на животот.

Секогаш ќе ме потсетува каков ангел изгуби Македонија... Но, и ќе ми прави убаво на срцето мислата дека некогаш воопшто го имавме.

Во редакција слушаме радио станица на која одат песните на Тоше една по друга. И вака сакам да слушам песни од него постојано, секој ден од годината.

И не само јас, денес цела Македонија има тага на душата, денес се сеќаваме што изгубивме пред 17 години.

Емотивните објави за Тоше Проески на социјалните мрежи:

Бомбакис, дечкото со картони

„17 години не може никој да те замени“

Марија, нашата мини модна инфлуенсерка „Прилепското чупе“

„Тоше, те сакаме“

Игор Џамбазов и Слободанка Тренчева - Боте

„И после 17 години исто тажно, болно“, напиша Слободанка и го сподели говорот на Игор Џамбазов за Тоше, онаков каков што само тој умее да одржи.

Тажна беседа на Игор Џамбазов за Тоше Проески: „Плачевме многу, плачеме сè уште (има и за кого да плачеме). Сигурен сум дека и ти плачеш во овој момент и сакаш да си барем две минути со нас“.

Роберт Билбилов

„Убав ден беше тоа, јас и Тоше како 'Најмомче на годината' за списанието 'Таа'“.

toshe-te-sakame-makedoncite-so-emotivni-objavi-za-toshe-proeski-17-godini-otkako-go-izgubivme-02.jpg

Весна Петрушевска сподели видео од последното интервју со Тоше, објавено на фан страница за него

Ина Многу Фина, твитерџика

„17 години. Ќе одбележам со овој настап, бескрајно емотивен и можеби најубавата изведба на песнава“.

Mиа Костова

„Јас сум една од оние кои не слушаат негови песни и менувам радио станица ако го слушнам. Едноставно немам сила за неговиот глас и никогаш не се помирив дека замина“.

toshe-te-sakame-makedoncite-so-emotivni-objavi-za-toshe-proeski-17-godini-otkako-go-izgubivme-11.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Игор Џамбазов слави 61-ви роденден: „Кога сум се родил, татко ми Џамбаз не се отрезнил 3 дена“ „На денешен ден, мајка ми Анче ме испорачала на овој свет. Светот не се потресол...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
На кафе и дневен весник во Sinatra Specialty Coffee: Уникатен локал во срцето на Скопје Ако сакате да го разлистате дневниот весник додека го пиете утринското кафе, как...
Позитива на денот: Пере од „Нокаут“ ја носи ќеркичката во градинка со велосипед на дожд (видео) „Скопско дете накај градинка, се насмевнува на дождот, како да е сончево. Дождот...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg