Актерот Лазар Бараков наполни 70 години: „Среќен роденден на човекот кој има 0 хејтери и еден тон обожаватели“
- Детали
- петок, 24 мај 2024
„На 24 мај, на Кирил и Методиј, заокружува златна 70-ка Лазар Бараков. Ќе го паметиме по ‘Малиста поликала’ ‘франгите’, ‘вујче Бараков од Мокрино’ и многу други реплики и анегдоти“, стои во роденденската порака до актерот.
Еден од доајените на македонското глумиште, актерот Лазар Бараков, денес полни 70 години.
Роденденот со емотивна порака, и желба да доживее барем до 100 години, му ја честитаа на Фејсбук страницата „Ѓорѓи Колозов“.
„На 24 мај, на Кирил и Методиј, заокружува златна 70-ка човекот кој има 0 хејтери, а еден тон обожаватели - Лазар Бараков!
Лик кој ќе го паметиме по ‘Малиста поликала’ ‘франгите’, ‘вујче Бараков од Мокрино’ и многу други реплики и анегдоти кои испишаа историја на македонското глумиште и во колективната меморија на македонскиот народ.
Сцената никогаш не била поисполнета и потопла кога Царот - Ѓорѓи Колозов и неговиот советник - Лазар Бараков, ја создаваа магијата наречена - Македонски народни приказни. Чудесна хемија и хармонија која постоеше меѓу нив двајцата, а во сето тоа уживавме ние, гледачите.
Лично јас, посакувам да ти го честитам и 100-тиот роденден тука. Да си жив и здрав Лазаре“, напиша админот на оваа фан страница.
Бараков доби бројни честитки и од фановите, кои му посакаа „тортата да си ја јаде со сласт и да доживее до 101“.
А. Ј. | Црнобело / фото: Фејсбук