Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и можна појава на снег“

„Од средината на месецов, кон нашите краишта ќе дојде до спуштање на значително поладен воздух кој ќе ги намали температурите за повеќе од 10 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-mozhna-pojava-na-sneg-vo-gradovite-01.jpg

Веќе ја пречекавме пролетта, ја заменивме зимската гардероба со пролетна и летна, а и дрвјата околу нас се расцутени.

Сепак, според метеоролозите, изгледа дека топлото време ќе биде заменето со постуден бран кој ќе создаде можност дури и за снег.

Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски:

„Покрај мене, и сите познати метеоролози од регионот се едногласни - од средината на овој месец, како и во втората половина од овој месец, преку Атлантикот и потоа од северозападна Европа, кон нашите краишта ќе дојде до спуштање на значително поладен воздух кој ќе ги намали температурите за повеќе од 10 степени, и од рано-летни тие ќе се претворат во есенско-зимски.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-mozhna-pojava-na-sneg-vo-gradovite-02.jpg

Сè поизвесно е есенско-зимско сценарио следната седмица кај нас на Балканот. Покрај обилните врнежи од дожд следната недела, очекуваме и обилни врнежи од снег на планините во регионот, а по сè изгледа и кај нас во Македонија.

На планините во регионот понекаде би можело да се формира снежна покривка со висина од 20 до 30 сантиметри, на некои места таа би можела да биде со висина и од над 50 сантиметри.

Секако, ова важи за високите планински места во регионот.

slavcho-poposki-meteorolog-kje-ima-obilni-vrnezhi-od-dozhd-no-i-mozhna-pojava-na-sneg-vo-gradovite-03.jpg

Поради падот на температурите, снежната граница понекаде во регионот би се спуштила и пониско (под 1000 метри). Можно е дури снежни врнежи да се појават и во градовите во регионот следната недела.

Покрај ова, следната седмица сè поизвесна е појава и на утрински мразови, кои секако особено лошо ќе се одразат врз веќе расцутените овошки“.

Спирова С. | Црнобело

фото: freepik.com, Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Викендов очекувајте послаби врнежи од снег и температури до -10 степени... „Веќе од четврток нè очекува голема промена на времето и нов голем бран на врнеж...
Славчо Попоски, метеоролог: „Во среда силно невреме, а од четврток заладување со снег на планините“ „Од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-1...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има постуден воздушен бран, со врнежи од дожд и снег на планините“ „Кон крајот на денов, а особено во текот на ноќта, облачноста ќе се зголемува, и...
Славчо Попоски, метеоролог: „Февруари ќе биде врнежлив, но и малку потопол“ Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, во февруари можеме да очекувам...
Славчо Попоски, метеоролог: „Температурите ќе паѓаат, од утре пороен дожд, грмежи и силен ветер“ „Во скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и ...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg