Славчо Попоски, метеоролог: „Февруари ќе биде врнежлив, но и малку потопол“
- Детали
- четврток, 01 февруари 2024
Според прогнозата на метеорологот Славчо Попоски, во февруари можеме да очекуваме повеќе врнежи од дожд, но не е исклучена можноста и за појава на врнежи од снег на некои места во Македонија.
Јануари помина со осцилации во температурата – имаше навистина студени денови, особено наутро, но имаше и неколку сончеви и релативно потопли.
Имавме и неколку снежни денови, особено на повисоките места.
Според метеоролошките анализи, слично време нè очекува и во февруари, но истовремено можно е да се појават и повеќе врнежи од дожд, а на некои места и од снег.
Во продолжение, прогнозата на метеорологот Славчо Попоски за овој февруари:
„Судејќи според долгорочните анализи, февруари оваа година ќе биде со натпросечно количество врнежи, но малку потопол, за еден до два степена над просекот што не е премногу.
Тоа значи дека ќе има и почести продори на студени воздушни маси од Арктикот кон нашите краишта.
Според сегашните следења и анализи, снегот во месец февруари и тоа како ќе го има, особено по 10-ти февруари.
Не се исклучува можноста да се соочиме со екстремно ниски температури (до околу -20 степени Целзиусови)“.
Попоски нагласува дека ова е долгорочна анализа на времето, што значи дека може да се случат промени.
Спирова С. | Црнобело
фото: freepik.com; Фејсбук