Се слават Младенци – Трпезата треба да биде посна, а на младите брачни парови им се носат дарови

Празникот Младенци се слави низ цела Македонија кај брачните парови кои стапиле во брак по 22 март претходната година, а најмасовна е прославата во Штип, каде обичаите врзани за овој ден се познати како „Четр’се“, а се впишани во списокот на нематеријално културно наследство.

se-slavat-mladenci-trpezata-treba-da-bide-posna-a-na-mladite-brachni-parovi-im-se-nosat-darovi-01.jpg

Православните христијани на 22 март го слават празникот Свети 40 маченици во Севастија, кој кај народот е познат и како Младенци.

Станува збор за еден од поголемите празници од пролетниот циклус кој секогаш се паѓа во рамки на велигденскиот пост, па заради тоа се прославува со посна трпеза.

se-slavat-mladenci-trpezata-treba-da-bide-posna-a-na-mladite-brachni-parovi-im-se-nosat-darovi-02.jpg

Празникот е востановен во чест на 40-те војници од Севастија кои маченички загинале затоа што не сакале да се откажат од христовата вера.

Со оглед на тоа што сите војници биле млади, кај народот овој празник е познат и како Младенци.

Овој ден е посветен на младенците заради венците со кои мачениците биле овенчани од љубовта на Христа.

Слично на тоа, на главите на младите во црква се ставаат венци, кои имаат трикратна симболика:

  • Тие означуваат дека секој човек е цар во својот микрокосмос, во својата куќа,
  • Истовремено означуваат и маченички венци, затоа што бракот подразбира жртви и
  • Како венци на бесмртна слава во христовото царство.

Со ова се укажува на тоа дека сопружниците треба да си бидат верни еден на друг, како што мачениците биле верни и да не подлегнуваат под искушенијата.

Во нашата земја има повеќе обичаи и верувања кои се врзуваат за овој празник, а речиси сите ритуали се врзуваат за симболиката на бројот 40.

Месење на 40 колачиња, каснување 40 лажици пченка, пиење 40 чаши ракија... Речиси во секој крај од Македонија имало различни обичаи кои се врзувале за овој број и за овој празник, но се верувало дека ова е тежок празник кога не треба ништо да се работи.

Подароци за младите брачни парови

Исто така, на Младенци се оди во посета на младите брачни парови кои стапиле во брак по 22-ри март претходната година.

Со тоа на младите брачни парови им се посакува долг, среќен и сладок живот, па освен кутиите со чоколатца и цвеќиња, се носат и подароци.

Прочитајте и Корисни подароци за Младенци

se-slavat-mladenci-trpezata-treba-da-bide-posna-a-na-mladite-brachni-parovi-im-se-nosat-darovi-04_copy.jpg

Вековна традиција во Штип

Во Штип овој празник се слави и до ден денес, а вековната традиција е позната како „Четр’се“, која е впишана во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото во 2013-та година.

Штипјани, традиционално на 22 март се искачуваат на Исарот, а попатно застануваат и палат свеќа во црквата Свети Архангел Михаил, која е позната и како Фитијата.

277219991_3118015975183555_3880449691138171447_n.jpgфото: Фејсбук - Штипска идила

Според традицијата, кога ќе се искачат на Исарот, Штипјани треба да фрлат 39 камчиња во реката Брегалница, а 40-тото си го земаат дома и го ставаат под перница и си замислуваат желба, а некои веруваат дека така може да сонуваат со кого ќе стапат во брак.

Младите на овој ден треба да се поздрават со 39 лица, а 40-иот (симпатијата) треба да го бакнат.

Во текот на целиот овој ден во Штип има забава и празникот масовно се прославува.

se-slavat-mladenci-trpezata-treba-da-bide-posna-a-na-mladite-brachni-parovi-im-se-nosat-darovi-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg