Корисни подароци за Младенци

Младенци е празник со многу обичаи кои имаат за цел да симболизираат долг, среќен и сладок живот на младите парови.

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-01.jpg

Поточно, овој празник го слават сопружниците кои стапиле во брак после 22-ри март минатата година. На тој ден, младенците примаат гости во својот дом, кои им носат подароци, а младите секако, треба да се покажат како добри домаќини.

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-1.jpg

Кога е во прашање изборот да адекватен подарок, ако треба да одите на младенци, сигурно се соочувате со проблемот - што точно да купам?

Еве неколку предлози како стратешки да одберете подарок во склад со можностите и желбите:

Блиски роднини

Ако сте близок роднина на младенците, сигурни сме дека ќе се одлучите да издвоите малку повеќе пари. Без разлика на тоа колку пари сте подготвени да потрошите, најдобра опција ви е да се распрашате што им треба на младенците. А, ако не сакате да ги прашате младенците што им е најпотребно, тогаш исто така, можете да се одлучите и за пари во коверт.

Не се мачете околу износот, издвојте толку колку што имате, а бидете сигурни дека на младенците парите ќе им бидат секогаш повеќе од добредојдени. Посебно заради сите трошоци после венчавката.

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-2.jpg

Ако сепак се одлучите да подарок, еве неколку предлози:

1. Уплатете им патување на море или викенд во некој спа центар за да се одморат.

2. Подарете им ваучер за некоја продавница каде сте сигурни дека ќе најдат нешто што им е корисно.

3. Направете им богат пакет за во кујна.

4. Направете сами оригинален подарок (пример, пешкири со нивните иницијали, патнички торби, постелнина...)

5. Подарете им дел од мебел или бела техника (квалитетен душек и перници, лустер, домашно кино...)

6. Ако младенците чекаат дете, направете креативен подарок за родители (пример, книга како се воспитува дете + облека и ситници за новороденчето)

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-3.jpg

Кум или кума

Од кумот секогаш се очекува повеќе, ама секако тоа мора да биде во согласност можностите и примањата на кумот. Да бидеме искрени, денес кумот се одбира на основа на пријателството и сигурни сме дека ви било голема чест кога вашиот пријател побарал да бидете кум.

Пријателството и кумството не се покажуваат со длабочината на џебот, туку по трудот кој ќе го вложите во подарокот.

Веројатно ги познавате вкусот и потребите на младенците, па нема да ви биде тешко да склопите нешто креативно и практично.

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-4.jpg

Но, можете да подарите и:

1. Кристални чаши

2. Фотоапарат

3. Постелнина

4. Сет за тоалет

5. Книга или комплет книги

6. Интересно огледало

7. Рустично столче за претсобје или спална соба

8. Рачно изработени шолји за кафе

9. Сет чинии за зачини...

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-5.jpg

Ако сакате нешто оригинално и рачно изработено тоа може да биде албум со вашите фотографии од младоста, некое посебно парче накит, кутија со ситници и корисни совети за брак, корпа со ситници кои ја одбележуваат врската на младенците...

Пријател или колега

Ситуацијата можеби е најтешка ако не сте многу блиски, бидејќи не ги познавате желбите и потребите на младенците. Совет е да одберете поклон кој ќе им послужи или нешто интересно.

Пример:

1. Рамка за фотографии или комплет помали рамки

2. Некоја интересна книга за брак

3. Слика, ако го познавате нивниот вкус

4. Кутија за вино и чаши (или пијалак кој знаете дека им се допаѓа)

5. Интересен држач за клучеви

6. Интересен сет зачини

7. Плочки со нивните имиња

8. Готвар за почетници...

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-6.jpg

Ако немате идеја колку пари да потрошите, вредноста треба да се движи некаде помеѓу 20 и 40 евра, а ако сте поблиски и имате можност, можете издвоите и од 40 до 100 евра.

ako-nemate-ideja-shto-da-podarite-za-mladenci-7.jpg

Уште неколку идеи за подароци:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg