„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ни стана пекол?“

„Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме. Сега сака ручекот да биде модерен, со прием во ресторан“ – девојка од САД споделува како планирањето на мала свадба ѝ се претворило во ноќна мора заради тоа што другите ѝ се мешаат.

jas-sakam-svadba-so-10-gosti-a-svekrvata-veselba-so-priem-vo-restoran-kako-zhivotot-so-partnerot-ni-stana-pekol-01.jpg

Често се вели дека младенците се тие што треба да изберат каква ќе биде свадбата, но често родителите знаат да се замешаат и да почнат да сугерираат за тоа кои гости треба да се поканат, која музика да свири, што да има на менито...

А очигледно, ако сте мислеле дека тоа е само балкански синдром, тогаш сте се излажале.

Една анонимна девојка од САД, на Reddit зборува за својата фрустрација и нервоза, откако свекорот и свекрвата почнале сами да ја организираат свадбата и тоа сосема поинаку од она што невестата го посакувала.

jas-sakam-svadba-so-10-gosti-a-svekrvata-veselba-so-priem-vo-restoran-kako-zhivotot-so-partnerot-ni-stana-pekol-02.jpg

Во продолжение ви ја пренесуваме нејзината приказна во целост:

„Јас имам 27 години и наскоро треба да стапам во брак со мојот партнер (26) со кого сум во врска 4 години. Стапуваме во брак, само заради здравственото осигурување, а инаку парчето хартија за нас нема огромно значење.

Сакавме да поканиме 10 гости во ноември во работен ден. Сакавме еден пријател да одржи церемонија што би траела 5 минути, потоа да одиме на ручек и толку.

Моето семејство немаше никаков проблем, но семејството на мојот партнер не сака да нѐ сфати.

Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме. Сега сака ручекот да биде модерен, со прием во ресторан.

Јас се обидувам да ѝ докажам дека не ни е тоа целта.

jas-sakam-svadba-so-10-gosti-a-svekrvata-veselba-so-priem-vo-restoran-kako-zhivotot-so-partnerot-ni-stana-pekol-03.jpg

Понатаму и братот на свршеникот вели дека мојот партнер веќе не се грижи за него и не го посетува. Деверот има 30 години и живее на 2 часа оддалеченост.

Сѐ се претвори во вистински кошмар. Партнерот вели дека требаше да побегнеме и да се венчаме некаде сосема сами и се согласувам со него.

Навистина ми е преку глава. Зарем не може само да се омажам и да биде сѐ готово?“ – прашува невестата.

jas-sakam-svadba-so-10-gosti-a-svekrvata-veselba-so-priem-vo-restoran-kako-zhivotot-so-partnerot-ni-stana-pekol-04.jpg

Според одговорите што ги доби, таа и партнерот навистина треба да заминат на патување и таму да се венчаат, а не се сложуваат ниту со тоа што свекрвата настојува да го истера своето и свадбата да ја организира така како што сака таа.

„Свекрвата може да прави планови колку што сака, но ти не си должна да учествуваш. Ако планира да прави прием за гости, на којшто ти не сакаш да присуствуваш, ти не мора да присуствуваш“ – стои во еден од коментарите.

jas-sakam-svadba-so-10-gosti-a-svekrvata-veselba-so-priem-vo-restoran-kako-zhivotot-so-partnerot-ni-stana-pekol-05.jpg

Што мислите вие? Треба ли по секоја цена да се почитуваат желбите на повозрасните кога се прави свадба?

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg